ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димковска во „Прво лице еднина“: Создававме убави сништа од моите кошмари и си ветивме да не се откажуваме од ниедна борба

June 24, 2021 14:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА

Под мотото „Зад отворени врати“, во Битола, се одржува 22 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама.

Во официјална конкуренција се 10 македонски монодрами од врвни авторски имиња, Достоевски, Гогољ, Чехов,  со кои актерите од целата држава ќе се натпреваруваат за трите награди, најдобар, актер, режија и Гран при на фестивалот.

Актерката Владанка Димковска која настапува со монодрамата „Прво лице еднина“, во разговор за Фронтлајн, вели дека е многу среќна и возбудена за настапот на фестивалот.

„Претставата ја немам играно една година, бев збунета кога ја добив поканата и многу, многу среќна. Бидејќу навистина е привилегија да се учествува на овој фестивал, посебно со сите тие имиња кои што важат за најголемите театарски имиња во нашата земја. Јас сум исполнета, возбудена. Со Драгана создававме убави сништа од моите кошмари и си ветивме да не се откажуваме од ниедна борба. Утре ќе дадам сè од себе – да ја раскажам најстрашната приказна во мојот живот, во најубавиот момент во мојот живот. И како што велат дека сништата се остваруваат, мојот полека но сигурно се остварува. Упатувам голема благодарност до организаторите на фестивалот како и до мојот матичен театар кој беше тука и даваше поддршка кога ја создававме оваа претстава“, изјави Димковска.

Монодрамата „Прво лице еднина“ е авторски текст од „Приказни за бунтовни девојчиња“, во режија на Драгана Стојчевска Гунин, а е независна продукција во копродукција со Театар Куманово.

Претставите на фестивалот се играат на четири различни сцени низ Битола и тоа во големата сала на Народниот тетар, во големата сала на Центарот за култура, во Пациото и сцена-бифе на театарот. Претседател на жири комисијата е биде Весна Бејби Петрушевска, а членови Тодор Кузманов театарски критичар и Љупчо Ѓоргиевски-Бубе режисер од Битолскиот театар.

Фестивалот кој е поддржан од Министерството за култура и Општина Битола, завршува на 27 јуни со премиерната изведба на претставата „Луди за љубов“ која е надвор од конкуренција и е во чест на наградените.

Јане Ѓорѓиоски

Next Post

Спасовски: Се врши надградба на системот, од понеделник ќе се издаваат документи со новото уставно име

НАЈНОВО

Димитриеска-Кочоска во Загреб, потпишан Меморандум за развој на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа

August 25, 2025

Флоријан Вирц објасни зошто избрал да се пресели во Ливерпул

August 25, 2025

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадите низ градовите ќе прибира предлози за програмите за локалните избори

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk