ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скраја да е од ваквата Бугарија и ЕУ!

June 24, 2021 18:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Бугарските политичари (и владини и опозициски) продолжуваат да водат жестока и црна политичка кампања кон Македонија, македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Како се наближуваат изборите во Бугарија, така црната кампања кон Македонија се интензивира.

Во услови кога повеќето бугарски политичари водат таква пропагандна црна кампања со широк дијапазон стратегии – од непризнавање, негирање, расистички навреди, милитантни провокации, лажни вести и дезинформации, говор на омраза и дискриминација, до отворени територијални и историски претензии – нема никакви услови за градење на пријателски односи. Кога некој не те признава и сака да те понижи или да те снема, не може да ти биде пријател.

Најновото трагикомично оправдување на Радев за продолжувањето на блокадата кон Македонија е показател дека бугарските политичари немаат никаква намера да се откажат од црната пропагандна кампања. Радев во Брисел отворено кажува дека Бугарија не можела да го поддржи почетокот на преговори за членство во ЕУ на РС Македонија, „пред да се увериме дека нашата сосетка нема да го гради својот идентитет врз основа на кражбата на бугарската историја”.

Каква колосална глупост! Па, зарем има некој разумен што верува дека некој тука во Македонија сака да ја краде бугарската државна историја, исполнета со државни порази и национални катастрофи?

Па, кој будала сака да краде лузерска историја? Зарем има некој тука кој сака да ги краде бугарските „победи“ во Втората Балканска војна, во Првата Светска Војна и Втората Светска војна? Па, никој тука не сака да има било каква врска со таквите историски „победи“, а камоли да ги краде.

„Браќа Бугари“, со таква црна пропагандна кампања за некаква си кражба на вашата лузерска историја, никого нема да уверите дека сте наши браќа.

Со продолжување на црната пропагандна кампања, само ќе го засилите впечатокот дека воопшто не им мислите добро не само на своите соседи, туку и на Балканот и на Европската Унија.

Вашето однесување нема никаква врска со принципите на ЕУ, туку со принципите на милитантниот балкански етнонационализам од 19-от век.

Затоа, и оние малкумина кои негуваа пријателски чувства кон Бугарија, и кои јавно изјавуваа дека се бугарофили (како мене) – веќе немаат никаква причина да ја сакаат ваквата шовинистичка Бугарија.

Напротив, имаат многу добра причина да извикаат – скраја да е од ваквата Бугарија и ЕУ!


Текстот е личен став на Авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев од седницата за пратенички прашања: Отвораме порти на иднината, денес сме Македонци за целиот свет со признаен македонски јазик и идентитет и најголема меѓународна поддршка досега

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk