ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовска: Малите и средните претпријатија се клучот за побрзо економско закрепнување

June 27, 2021 10:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Малите и средните претпријатија се од клучно значење за постигнување одржлив економски раст. Тие се важен фактор за одржување на конкурентноста и постигнување на економски просперитет, но, истовремено се најподложни на потреси, како во случајот со кризата предизвикана од пандемијата, поради што сите активни чинители треба да работат на креирање на добро деловно окружување за поддршка и развој на овие правни субјекти, порачува претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска.

Од Сојузот на стопански комори информираат дека Арсовска на меѓународна конференција истакнала дека е потребно да се создаде сериозна стратегија за развој и одржливост на овие претпријатија, која ќе предвидува конкретни мерки и активности со поставени рокови за реализација.

– Со имплементација на  стратегијата треба да се постигне значително зголемување на бројот на МСП кои се занимаваат со одржливи деловни практики, како и да го зголеми бројот на МСП кои користат дигитални технологии. Секоја земја треба да делува да стане попривлечно место за претприемништво и да им овозможи на малите бизниси да растат и да се развиваат. Ова е особено клучно во пост-пандемискиот период, бидејќи малите и средни претпријатија се клучот за побрзо надминување на кризните состојби и за постигнување на одржливиот економски развој, нагласила Арсовска. 

Според неа, неопходно да се намали и регулаторниот товар и да се подобри пристапот до меѓународните пазари, како и да се осигура дека претпријатијата ги користат институционалните механизми за успешни прекугранични активности. Неопходно е да се преземат и мерки за олеснување на пристапот до финансирање и да се обезбедуваат континуирани информации за достапност и пристап до изворите на финансирањe. 

– Надлежните институции треба активно да го поддржат претприемништвото кое е делување и постапување според можностите и идеите и нивно трансформирање во додадена економска вредност за сите во општеството. Иднината на европската економија е во малите и средни претпријатија, затоа е важно земјите да делуваат кон поттикнување, унапредување и координирање на меѓународната соработка и воспоставување на рамка за одржлив раст на МСП на национално, регионално и меѓународно ниво, истакнала Арсовска.

Во земјава, 99,8 проценти од сите претпријатија, припаѓаат во групата на малите и средните претпријатија (МСП). 

Малите и средни претпријатија се ‘рбетот на европската економија. Тие претставуваат 99 отсто од сите регистрирани претпријатија, вработуваат околу 100 милиони луѓе, сочинуваат повеќе од половина од БДП на Европа и играат клучна улога во додавањето вредност во секој сектор во економијата.

извор: МИА
Next Post

Филипче: Пристигнаа првите вакцини „Синовак“, попладне останатите

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk