ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи очекува пратениците да ги донесат потребните законски измени за воведување зелена еколошка такса

June 28, 2021 11:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и сите останати пратеници во најбрзо време ќе ги донесат потребните законски измени за воведување на зелена еколошка такса.

– Дали тоа ќе биде за 15 дена или за еден месец, можеби е работа на денови, но мислам дека ќе бидат донесени и не верувам дека ќе се случи спротивното. Денеска видовме одличен систем кој дава слика колкав е диспаритетот во нашата земја меѓу регионите. Како земја, да имавме претходно доблест и разум, денеска немаше да зборуваме за 0,25 отсто инвестирање во регионите од БДП, туку ќе зборувавме за над еден отсто. Но, бидејќи тоа го немаме, ќе повикам на разум за еколошката такса затоа што значи инвестирање за нашите граѓани, а не инвестирање во што било, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање по презентацијата на проектот Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој (Си Ре Ра).

Според него, ако сакаме да живееме во подобро утре во кое ќе имаме позитивно влијание и подобар живот за сите граѓани, битен е секој денар, а токму еколошката такса е еден од изворите на финансирање на проектите што се од значење за граѓаните.

Битиќи посочи дека граѓаните сами ќе си кажат кој е планот „б“, доколку ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива го блокираат носењето на еколошката такса.

Во одговор на прашање за новата цена на електричната енергија што за два дена треба да ја соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Битиќи рече дека очекува да нема зголемување поради фактот што ЕСМ понуди пониска цена од седум отсто во споредба со ланската.

– Сепак да почекаме уште некој ден пред РКЕ да го даде конечниот став, посочи Битиќи.

Владата неодамна до Собранието го достави предлогот за воведување на зелена еколошка такса од 3,5 денари по продаден литар за нафтените деривати. Се очекува таксата да биде воведена од 1 јули годинава и на годишно ниво во Буџетот да се влеваат околу 50 милиони евра, кои ќе бидат искористени за инвестиции во заштита на животната средина и енергетска транзиција која предвидува замена на фосилните извори на електрична енергија со обновливи.

Next Post

Пладневен преглед: САД ни донира опрема за деконтаминација, Битиќи се надева пратениците да гласаат за зелената еколошка такса, филмска жетва во Кинотека

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk