Во рамките на Вториот министерски состанок за интеграција на Ромите на Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше билатерална средба со министерот за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина Милош Лучиќ. Министерката Шахпаска го истакна напредокот што Република Северна Македонија го постигна во процесот на интеграцијата на Ромите, но и информираше за поддршката што преку системот на социјална заштита им ја дава на сите ранливи категории на граѓани.
„Со акцискиот план на Владата за борба против дезинформaциите се обврзавме редовно и брзо да одговараме на медиумите и факт-чекинг организациите кои дејствуваат и се борат против дезинформациите“ “ рече националниот координатор за комуникации во Владата, Марјан Забрчанец на конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“. Нашата демократска приказна е посилна од лажните вести, вели тој.
Критичкото мислење и медиумската писменост се многу значајни за секоја држава, бидејќи лажните вести се користат за креирање политички кризи, истакна министерката за образование Мила Царовска, додавајќи дека борбата против овој феномен не може да се одвива преку ноќ. Треба да создадеме генерации што ќе бидат посилни во знаењата и алатките за справување со лажни вести, бидејќи така ни следува подобра иднина и посилна битка со лажните вести или превенција при справување со кризни ситуации, вели Царовска. ‘Ќе ги научиме учениците уште од најмала возраст да препознаваат лажни вести, но и ќе создадеме можност нашите ученици да бидат изложени на вистинити информации, кои ќе знаат како да ги проверуваат’, истакна Царовска.
Крај на пандемијата не се вакцините туку самиот процес на вакцинација, рече претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова која учествуваше на денешната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ заедно со министерот за здравство д-р Венко Филипче, проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог и проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика. За вакцината „Синовак“ вели е доста безбедна и ефикасноста се движи помеѓу 56 и 78%.
М. Миткоска