ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска – Лучиќ: Образованието на Ромите е предуслов за целосна интеграција

June 28, 2021 18:01
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Вториот министерски состанок за интеграција на Ромите на Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска имаше билатерална средба со министерот за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина Милош Лучиќ.

Двајцата министри разменија искуства во делот на процесот на интеграција на Ромите, но разговараа и за други прашања што се од нивна надлежност, како што е родовата еднаквост, но и борбата против насилство врз жените и семејното насилство.

Министерката Шахпаска го истакна напредокот што Република Северна Македонија го постигна во процесот на интеграцијата на Ромите, но и информираше за поддршката што преку системот на социјална заштита им ја дава на сите ранливи категории на граѓани.

„Република Северна Македонија вложи многу во процесот на вклучување на Ромите во образованието, од предучилишното, па се до високото образование. Секоја година  400 деца Роми бесплатно посетуваат градинка, обезбедуваме 700 стипендии за ученици и студенти. И тоа дава резултати. Затоа денеска имаме се повеќе Роми кои се на раководни позиции и во јавниот и во приватниот сектор“, потенцираше министерката Шахпаска.

Таа додаде дека интензивно се работи и на социјалното домување кое предвидува изградба на станови, но и реновирање и реконструкција на постоечки објекти.

Министерот Лучиќ се согласи дека образованието е предуслов за целосна интеграција на Ромите и оцени дека на тоа треба интензивно да се работи.

Тој нагласи дека Босна и Херцеговина има постигнато значаен напредок во делот на социјалното домување за Ромите, но дека треба да се работи и на политики за вработување на Ромите.

Двајцата министри разговараа за предизвиците со кои се соочија двете држави предизвикани од пандемијата Ковид-19 и ги споделија искуствата за начинот на кој се обезбеди поддршка за најранливите категории на граѓани.

Во делот на борбата против насилството врз жените и семејното насилство министерот Лучиќ истакна дека Република Северна Македонија е позитивен пример кој Босна и Херцеговина го следи.

Министерката Шахпаска нагласи дека двата клучни закони – Законот за спречување и заштита од дискриминација и Законот за заштита од насилство врз жената и семејно насилство се донесени со поддршка од опозицијата, што е многу значајно за нивна целосна имплементација.

Next Post

Грозданова: Синовак вакцината е безбедна и ефикасна

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk