ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Започна етапната исплата на јунски пензии, по 19 години заврши учеството на Армијата на Северна Македонија во мировната мисија во Авганистан, сите вакцини гарантираат заштита

June 29, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Од денeска започнува етапната исплата на јунските пензии. Пензиите како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од Коронавирусот.

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан, соопшти Министерството за одбрана. Во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи.

„Сигурен 100% ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата“ – рече проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“. Вакцини имаме на располагање, сите вакцини коишто се одобрени од СЗО и другите авторитети во огромен процент што некогаш се движи до 100%, штитат од тежок тек на болеста и тие се основните податоци што мора да ги имаме на ум кога размислуваме за тоа дали да се вакцинираме или да не се вакцинираме – кажа имунологот Петличковски.

Претседателите на парламентите од земјите на Западен Балкан заедно со претседателот на Европскиот Парламент и претседателите на португалскиот и словенечкиот парламент, кои го претставуваат сегашното и претстојното претседателство со Советот на Европската унија, вчера во рамките на Вториот самит „Европскиот Парламент – Западен Балкан“ потпишаа заедничка декларација во која го повикуваат Советот на ЕУ да ги исполни своите ветувања и итно да преземе одлучни активности за забрзување на процесот на проширување.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 466.451 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 310.384 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.940 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.628 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 529.445 дози вакцини, а ревакцинирани се 219.061 граѓани.

M. Mиткоска

Next Post

Вучиќ-Рама-Заев: Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ и на регионалната соработка - На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk