ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Петличковски: Сите вакцини гарантираат стопроцентна заштита од смртен исход и тежок тек на болеста

June 29, 2021 10:17
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Сигурен 100% ефикасен третман се уште немаме, но имаме некои јасни ставови за тоа дека вакцинацијата е најдобриот пристап во справување со епидемијата“ – рече проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на трибината „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.

-Вакцини имаме на располагање, сите вакцини коишто се одобрени од СЗО и другите авторитети во огромен процент што некогаш се движи до 100%, штитат од тежок тек на болеста и тие се основните податоци што мора да ги имаме на ум кога размислуваме за тоа дали да се вакцинираме или да не се вакцинираме – кажа имунологот Петличковски.

Според професорот, тоа што во моментов имаме ниски бројки на заразени, не е доказ дека пандемијата е завршена. Во одредени земји кадешто има голем процент на покриеност со имунизација, вирусот има повторни обиди да се врати, можеби не со иста сила, но факт е дека со примена вакцина се исклучува можноста за тежок тек на болеста, истакна тој.

-Вестите и приказните за несаканите ефекти од разните видови на вакцини одеа циклично. Која вакцина ќе станеше достапна и популарна веднаш беше поврзувана со некои страшни приказни, многу од нив комплетно неосновани. Тие приказни се појавувале и ќе се појавуваат, не очекувам да застанат, но на овие милиони па и веќе милијадри покриени жители со вакцини, кога ќе ги сумираме бројките веќе гледаме дека станува збор за исклучително ретки случаи – кажа Петличковски.

Во однос на состојбата во која во моментов се наоѓаме, тој рече дека ова е ситуација која долго време ја очекувавме. Имаме мал притисок врз здравствениот систем, имаме вакцини на располагање и имаме доста сознанија од оваа година ипол поминати со пандемијата. Истражувањата и натаму продолжуваат во однос на тешко болните пациенти, смртните исходи, како и асимптоматските случаи.

На вчерашната Трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ покрај проф.Петличковски учествуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, претседателката на Националниот комитетот за имунизација проф. д-р Александра Грозданова и проф. д-р Драган Даниловски епидемиолог.

Next Post

„Еуримаж“ го поддржа новиот филм на Теона Митевска и уште една копродукција со Северна Македонија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk