ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Нема никакви докази дека крвната слика се влошува по примање вакцина против ковид-19

June 29, 2021 13:43
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пост на Фејсбук, без никакви научни докази и факти, ги убедува луѓето дека, доколку се вакцинираат против ковид-19, ќе имаат влошена крвна слика. Ова е една од низата објави на социјалната мрежа Фејсбук кои се дел од антиваксерската кампања, пишува „Вистиномер“.

ШОКАНТНО!

Луѓето, кои примиле „В“ имаат влошена крвна слика! Докторка ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по земањето на „К-19 „В“. Првата слика е на здравите лица кои ја примиле „В“, при што се покажува нормална клеточна слика. Следните слики покажуваат бројни нано-честички во крвната слика набрзо по земањето на „К-19-В“. Докторката појаснува дека телото никогаш нема да може да се ослободи од нив и тие нано-честички ќе навлезат во секоја клетка од телото! Тоа значи – човекот што земал “В” никогаш повеќе нема да е ист. Она што е најзастрашувачко е што се очекува животниот век на тие што ја примиле „В“, (која воопшто не е тоа за што се промовира) да е 2 години!, се вели во објавата.

Она што е интересно во постот е дека тој се повикува на текст објавен на веб-сајтот beforeitsnews.com, кој е на листата веб-страници кои шират лажни вести и пропаганда, според usnews.com. Оваа веб- страница нема импресум, а во делот „за нас“ пишува дека е платформа на која секој може да објави текст, доколку има интересна сторија и доколку се регистрира.

Во постот се тврди дека вакцините против ковид-19 ја влошуваат крвната слика на луѓето и дека тоа го утврдила докторка која ја споредувала крвната слика на пациентите пред и по примањето вакцина. Во постот прво не е посочено и прецизирано за која вакцина конкретно станува збор. Понатаму, доколку го отворите и линкот од изворниот текст, ќе забележите дека докторката која дошла до ваквите „шокантни“ податоци нема име и презиме, нема нејзина изјава, не е јасно каде таа доктoрка работела, колку пациенти испитала, нема податоци на која возраст и пол се луѓето од кои наводно земала крв, дали имале некакви претходни заболувања и со кои вакцини се вакцинирале. Со еден збор, оваа објава има толку многу непознати информации, а не нуди ниту еден доказ. Сето ова укажува дека можеби станува збор за измислена објава.

Дека оваа објава нема никаква врска со вистината говори и фактот што тврди дека во резултатите од крвта, се гледале „страни тела со бели дамки, односно нано-честички“. Но, неточно е дека нано-честички може да се видат во крвта. „Нано“ значи милијардити дел од нешто. Нано честичките се ситни материјали со големина од 1 до 100 нанометри. Нанометар е единица должина во метричкиот систем, еднаква на еден милијардити дел од метарот (0,000000001 м).

Наночестичките постојат во природниот свет, но можат и да се создадат како резултат на човечки активности. Поради нивната субмикроскопска големина, тие имаат уникатни карактеристики на материјалот, а произведените наночестички можат да најдат практична примена во различни области, вклучувајќи медицина, инженерство. Субмикроскопска големина значи дека тие се премногу мали за да се видат дури и под микроскоп. Ова значи дека тие не може да се детектираат преку правење на испитувања на крвта што може да ги направи лаборант.

Постот потоа тврди дека „се очекува животниот век на тие што ја примиле вакцината да е 2 години!“. Според ова, сите што примиле вакцина против ковид-19, ќе починат за две години!? И зад ваквото тврдење нема никаква научна основа.

Гледано во целина, очигледно е дека постот нема за цел да понуди докази и факти, туку намерата му е да шири антиваксерска кампања, пишува „Вистиномер“.

 

Next Post

Николиќ Писарев: Важно во функционирање на граѓанскиот сектор е тоа што мораме да се ослободиме од личните суети и од суетите на организациите дека сме најважни и најдобри

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk