ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Португалската кривина на патот кон ЕУ

June 30, 2021 16:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот пат кон европската интеграција е несомнено долг, ако се има предвид времето кое е поминато од добивањето на кандидатски статус, позитивните извештаи, препораката за отпочнување со претпристапните преговори. Не само што овој пат е прилично долг, макотрпен, а на моменти и здодевен, туку станува јасно дека истиот воопшто не е поплочен ниту со злато, а богами, ни со премногу златни намери на староседелците во европското семејство.

Несреќната изјава која вчера за бугарски медиум ја даде португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, всушност може да открие и многу повеќе од тоа дека се работи за лошо срочен текст или некаков дипломатски гаф или лапсуз. Имено, додека блокадата на Бугарија за Северна Македонија придонесе големото мнозинство од нас да остане крајно разочарано, дел од јавноста отворено го поставува и прашањето дали навистина само источната сосетка се крие зад спуштената рампа на нашиот пат кон Брисел. Знаејќи ја реалната политичка, економска, дипломатска, па и демократска моќ на нашиот сосед, многумина велеа и велат дека бугарската техничка влада, „опозициониот“ претседател и поранешните владини функционери таму, всушност се само фасадата на зградата од која се навигира патот Скопје – Брисел. Бугарија не е тоа што беше јужниот сосед и не може да ја има онаа позиција на Грција во претходниот долгогодишен спор, а тоа е и повеќе од јасно.

На таа линија, навистина е дискутабилно зошто една португалска функционерка би сакала претпоследниот ден од шестмесечниот период на претседателствување со Унијата, да го искористи за давање на изјава која, со брзина на светлината, ги активираше дипломатските кругови и разви безброј полемики. Коинциденцијата е преголема за целото ова да е само непријатна случајност. Имајќи предвид дека токму Португалија излезе со официјален документ, т.н. патоказ за придвижување на македонско – бугарските односи, целосно контрадикторно е погрешното именување на нашиот македонски јазик како „северномакедонски“. Дополнително, впуштањето во истражување на јазичната генеза од политичари кои не се стручни околу тоа е недопустливо, а истото денеска оправдано го констатираа и вицепремиерот Димитров и претседателот Пендаровски.

Шефот на државата, симболично велејќи дека и не е толку лошо што завршува португалското ротирачко претседателство, испраќа силен потсетник дека некои земји членки на ЕУ, не само што се географски далеку од нас, ама очигледно и многу малку знаат за нас. Притоа, го имаат луксузот да се изјаснуваат за прашања кои не им се многу познати, а се и тоа како сензитивни за нас како граѓани и како држава која е кандидат за членство во Унијата.

И додека негуваме надежи дека претстојното словенечко претседателство ќе има повеќе сенс и познавање за регионот, не смееме да заборавиме и на некои од внатрешните превирања во рамки на самата европска заедница. Политиката на проширување, имплицитно, дел од членките ја доживуваат како дискутабилна и како нешто на кое фокусот тие лично не би го ставиле. Уште повеќе, консензуалниот принцип на одлучување ја прави оваа политика на проширување вистинска паричка за поткусурување, а некои од нас тоа и искуствено го запознаа.

Оттука, големите очекувања водат до уште поголеми разочарувања, а ние како граѓани тоа одлично го знаеме. Затоа, непобитен факт е дека треба да продолжиме кон унапредување на нашето општество, но и да не заборавиме дека тоа го правиме првенствено за самите нас, а дури потоа за бирократско признавање и вреднување на истото од наднационалните ентитети кон кои се стремиме.

Иван Дургутов

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

July 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk