ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукароски: Прекрасна е веста што „Магна“ една од најголемите канадски компании отвора фабрика во Струга

July 1, 2021 13:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Ацо Лукароски

Ацо Лукароски

Share on FacebookShare on Twitter

„Магна Интернационал, е канадската компанија за производство на авто-делови од: General Motors, Ford, BMW, Toyota, Volkswagen, Honda… Магна (https://www.magna.com/), е една од најголемите канадски компании и е на листата на Форбс. Има вкупно 160.000 вработени во цел свет, а годишниот обрт на компанијата е отприлика три пати поголем од нашиот БДП“, објави на Фејсбук Ацо Лукароски, кој живее и работи во Канада.

Тој вели прекрасна е вест дека оваа компанија отвара фабрика во Македонија, во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга.

„Површината на којашто се гради објектот ќе биде со големина од околу 17.000 м2 и во фабриката ќе се отворат над 1.200 нови работни места. Првите производи (ретровизори за Dacia Duster) планирани се уште кон крајот на оваа 2021 година. Една од останатите поголеми придобивки од оваа голема инвестиција е и договорот за соработка со домашни компании. Веќе е започнат процес на идентификување на локални компании од Македонија кои за „Магна“ би се вклучиле како добавувачи на суровини“, напиша Лукароски.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање по повод новата инвестиција истакна дека канадската компанијата „Магна“, донесе одлуката да инвестира и отвори фабрика во Северна Македонија, пред сѐ поради добрата и предвидлива деловна клима во земјава која ги задоволува долгорочните цели на компанијата.

„Во моментот веќе се вработени 40 лица, а согласно договорот за државна помош ќе бидат вработени 300 наши сограѓани. Според бизнис планот на компанијата во наредните 10 години се планирани над 1.200 работни места. Новата инвестицијата во Струга е уште една потврда за заложбите на оваа Влада за рамномерен регионален развој за нови добро платени работни места, а со тоа и нов стимул за нашата економија. Ова е прилика да упатам и од ова место порака до инвеститорите, да ги искористат можностите и да го вложат својот капитал во Северна Македонија. Владата креира поволен деловен амбиент и еднакви услови како за домашните така и за странските инвеститори“, рече Заев во своето обраќање.

Дејвид Креспи, потпретседателот на компанијата „Магна“, кој ја презентираше новата инвестиција во Струга, рече дека „Магна“ е присутна во 21 земја со 350 производни погони. Бизнисот освен во Северна Америка и Европа, веќе го шири и на азискиот пазар. Во 2020 година остварила 33 милијарди долари обрт, а во 2019-та вкупно 40 милијарди.

Ј. Ѓ.

Next Post

Нова пратка на вакцини на „Астра Зенека“ пристигнува утре, а на „Спутник“ наредната недела

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk