ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Нуредини: Со влегувањето во Powering Past Coal Alliance ќе ја забразаме транзицијата кон без јаглен

July 1, 2021 11:01
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на тркалезната маса за Европа, која на тема „Ревитализација на енергетските заедници и можности за економски раст“, се организираше во рамките на Лондонската недела за климатски  акции. Тркалезната маса има за цел да ги обедини лидерите од европските национални и субнационални влади и меѓународни организации за да разговараат за можностите за поставување рана фаза на исфрлање на јаглен, за праведна транзиција на работната сила и нова патека за чист развој за регионите на јаглен.

Министрите од Велика Британија и Канада им посакаа добредојдоа на новите членови и партнери на PPCA Алијансата (Powering Past Coal Alliance) меѓу кои е и Северна Македонија како прва држава од Западен Балкан која пристапи  кон Алијансата. Со тоа нашата држава ги потврди подготвеноста и заложбите за соработка со меѓународната заедница во остварувањето на правична и брза зелена транзиција.

Тркалезната маса беше добра прилика да се зајакне моментумот и да се поттикнат државите и организациите што ќе работат заедно со Алијансата во пресрет на  Самитот на ООН за климата COP26, што ќе одржи во ноември  во Глазгов, да се посветат на потребната акција за да се стави крај на производството на јаглен.

Во рамките на настанот, свое обраќање имаше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини кој информираше за активностите на национално ниво кон постигнување на ниско-јаглероден раст и праведна транзиција.

„Северна Македонија е многу амбициозна со поднесување, во текот на оваа година, на подобрениот Национален придонес кон Договорот од Париз обврзувајќи се на намалување на емисиите на стакленички гасови за 51% во 2030 година во споредба со нивото од 1990 година, што е еднакво на 82% намалување на нето емисиите. Како држава чие производство на електрична енергија во голема мера се потпира на јаглен, со оддалечување од него, нашиот клучен предизвик е правичната транзиција. Со влегувањето во оваа Алијанса, веруваме дека можеме да соработуваме и да си помагаме едни на други во постигнувањето полесна и побрза транзиција кон почисти извори на енергија, што е ургентно за да можеме да ги постигнеме глобалните климатски цели “- истакна Нуредини.

Последните  податоци покажуваат дека PPCA Алијансата вклучува 132 членови од кои 18 европски и 5 неевропски влади. Половина од фабриките за јаглен во Европа се затворени или планирани да се затворат пред 2030 година, во услови на зголемени цени на јаглерод и проширување на обновливи извори. Анализата покажува дека до 2025 година, сите постројки за јаглен во ЕУ ќе бидат неконкурентни во споредба со обновливите извори. Оваа промена дополнително ќе се забрза благодарение на новата цел на ЕУ за климата во 2030 година и пакетот „Fit for 55“, зголемувајќи ја растечката улога на блокот во забрзувањето на исфрлувањето на јаглен на глобално ниво пред COP26.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

Човечноста не се мери во изборни резултати

July 18, 2025

Пет години и шест месеци затвор за првообвинетата Марлиене која посредувала Бразилки за проституција во Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk