Со мојот пријател Алексис Ципрас, тогаш премиер на Грција, се зарековме дека ќе воспоставиме таква пријателска атмосфера ќе ја негувате како еднакво важна на решението кон кое стремите. Оваа наша определба се покажа дека не се сите стереотипи правило и дека кога се кршат се создaва енергија за нови модели на однесување и за воспоставување нови пријателства и односи меѓу државите и политичарите. Така прават пријателите, насочени кон решение, кон компромис. Голема е честа да ви посакам добредојде од ваков блескав момент. Тука сме после три години од склучувањето на „Договорот од Преспа. Три години од потпис кој направи историски пресврт во македонско-грчките односи и ја одблокира евро-атлантската интеграција на Северна Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог.
Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска обраќајќи им се на младите учесници на форумот кој денеска се одржува во Отешево, Преспа, а како дел од дводневниот настан Преспа форум за дијалог што го организира македонското Министерство за надворешни работи со цел продлабочување на соработката помеѓу земјите од регионот заради подигнување на неговата економска конкурентност во пошироки размери.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими претседателот на партијата Сириза, актуелен пратеник во грчкиот парламент и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас.
,,Во тек е внатрепартиската постапка во СДСМ за избор на кандидати за градоначалници и советници, имаме транспарентна, отворена постапка и за луѓе кои не се членови на партијата. СДСМ се докажа како инклузивна и партија отворена за нови идеи, нова енергија, рече на денешниот брифинг генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски
-И такви примери има многу, од плати, до реални проекти, школи, градинки, патишта, водоводи, канализации. Да не зборуваме за патот по кој чекореше земјава, денеска сме 30 земја членка на НАТО. Имаме исполнети критериуми за членство во ЕУ и на ред е ЕУ да испорача. Анкетите наши велат дека СДСМ е фаворит на изборите, имаме поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ и на ниво на лидери и на ниво на партии. Ако на тоа се додаде коалицискиот капацитет на СДСМ јасно е дека СДСМ е победник на изборите, вели Николовски.





