ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска на заедничката вежба на Армијата со Црвениот крст во Преспа и на активности на инженериската единица на преспанското крајбрежје

July 2, 2021 16:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Преспа ги посети припадниците на Армијата кои со две теренски активности ја потврдија својата важна улога – во секое време да бидат подготвени да им помогнат на граѓаните, соопштија од Министерството за одбрана.

Во преспанскиот регион, припадниците на воздухопловниот ВИНГ, заедно со Планинската спасувачка служба на Црвениот крст реализираат вежба за изведување на планински спасувачки операции во случај на планински несреќи. Вежбата опфаќа извежбување на спасувачки операции со хеликоптер, со цел зголемување на ефикасноста за координирано делување во случај на комплексни несреќи на планина. Денеска беше изведена спасувачка операција на симулирана несреќна на параглајдеристи на непристапен терен на карпа и во езерото.

Како со неодамнешната вежба во Охрид, така и со денешната вежба во Преспа ги развиваме заедничките капацитети и координацијата со Црвениот крст зашто само на тој начин можеме да бидеме ефикасни кога ќе се појави потреба од итна спасувачка операција, порачала Шекеринска и додала дека вежбите како денешната го усовршуваат системот за реакција при несреќи.

Истовремено, на барање на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од МО, инженериската единица на Армијата со своја механизација се вклучи во кампањата на општина Ресен „Моја Преспа, чиста Преспа“ за уредување на крајбрежјето на Преспанското Езеро.

Министерката Шекеринска при посетата на инженериската единица која е ангажирана на крајбрежјето потенцира дека оваа активност претставува вистински пример дека Армијата продолжува да биде силна поддршка за граѓаните и локалните самоуправи.

Армијата и во екот на пандемијата, но и денеска продолжува сите свои капацитети да ги става во служба на граѓаните. Граѓаните тоа го гледаат и затоа во армиските припадници имаат најголема доверба, рекла министерката Шекеринска во Преспа.

извор: МИА
Next Post

Шахпаска: Обезбедуваме нов и ефикасен пристап во справувањето со родово базираното насилство

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk