ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со звуците на оригиналната гајда на Пеце Атанасовски, отворен 47. Фестивал во Прилеп

July 3, 2021 10:21
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со звуците на оригиналната гајда на Пеце што се разлеа по 25 години и со изворниот мелос на уште 160-тина изведувачи од сите краишта, синоќа во центарот на Прилеп почна 47. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Со уште 160-тина учесници Фестивалот продолжува вечер на Рудина, Долнени.

Етномузикологот и професор на музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип Горанчо Ангелов по 25 години, откако почина Пеце Атанасовски, засвири на неговата оригинална гајда. Вели дека чувството е посебно, како да е тука големиот уметник.

-Гајдата на Пеце ни ја даде семејството Атанасовски Вучиќ за да видиме во кака состојба е, да се „наштелува“ инструментот и да засвириме, ете, по 25 години, оти откако умре Пеце Атанасовски таа стои и, се чини, го чека моментот да се разлее. Сега, на Фестивалот го разлеав нејзиниот звук и може да кажам одлична е, не загубила од „својот сјај“ кога свирела во рацете на мојот ментор, мојот идеолог пред кого бев успешен млад гајдаџија, во времето кога ретко кој свиреше на гајда. Чувството е посебно, како да е тука, со нас големиот уметник кој го пренесе нашето богато изворно наследство низ светот, рече Ангелов.

На синоќешното отворање, на камената бина на плоштадот „Александрија“, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагласи дека Фестивалот секогаш ја има поддршката на Општината зашто тој значи негување и зачувување на изворниот мелос.

-Фестивалот е еден од ретките на овие простори кој целосно се занимава на зачувувањето на фолклорното торештво, на изворните инструменти и песни, онака како што биле создадени од народот низ времето. Големо е задоволството да се пречека речиси петдецениското негово постоење, рече Јованоски.

Според Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот, годинава има во двете фестивалски вечери околу 320 учесници, а особено радува фактот што повеќето се млади.

-Лани, поради ситуацијата со коронавирусот имавме 120-тина изведувачи и беше прашање дали воопшто ќе се одржува. Годинава, ни се јавуваа од сите страни прашувајќи и сакајќи да бидат дел од Фестивалот. Посебно радува што има многу млади: и фолклорни групи и вљубеници кои го изучуваат свирењето на народни инструменти. Меѓу другите ги имаме младите од Вевчани, Беранци, Битолско кои ги претставуваат обредните обичаи и традиции, а и млади изведувачи од Културно-уметнички друштва. Тоа нѐ зацврстува во уверувањето дека изворниот мелос се пренесува на помладите генерации. Токму за тоа е и семинарот што се одржува во рамки на фестивалот, овие последни две години онлајн, вели Величковска.

При отворањето, му беше оддадена почит на досегашниот секретар Златко Лашкоски кој почина кон крајот на минатата година, среде пандемијата со Ковид-19. 

Златко Лашкоски

Денеска од 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи симпозиум за „Фолклорот во минатото и денес“ со еминентни етномузиколози и ќе биде промовиран Зборникот со трудови од фолклористиката. Вечер од 19 часот на Рудина, Долнени е втората фестивалска вечер на која ќе се претстават изведувачите.

Фестивалот ќе ги награди најдобрите изведувачи со Гран-при, а најдобриот гајдаџија ќе ја добие гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени. /МИА/

Next Post

Флекенштајн за МИА: ЕУ треба да размисли како да ги смени правилата на одлучување со консензус

НАЈНОВО

Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025
Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk