ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Флекенштајн за МИА: ЕУ треба да размисли како да ги смени правилата на одлучување со консензус

July 3, 2021 10:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на ЕУ мора да најде начин да се одржи меѓувладината конференција со Северна Македонија и Албанија, бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но исто така тоа е и наша обврска. Вашата земја испорача, а и Албанија. исто така, и сега редот е на Европската Унија.

Ова во интервју за МИА го вели Кнут Флекенштајн, германски политичар и поранешен член на Европскиот парламент. Член е на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која е дел од Партијата на европските социјалисти (ПЕС). Тој беше и еден од иницијаторите на „Жан Моне“ процесот во земјава, со цел подобрување на политичкиот дијалог.

Флекенштајн посочува и дека ЕУ треба да размисли како да ги смени правилата на одлучување со консензус, бидејќи според него е неверојатно – како може една влада да ги спречи останатите 26 членки и да го блокира целиот регион.

Германскиот политичар учествуваше на првата Меѓународна конференција Преспа форум за дијалог што се одржуваше на 1 и 2 јули во Охрид.

„Спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија е билатерален и не треба да биде дел од дискусиите во врска со меѓувладината конференција. Дознав дека речиси и да бил направен пробив, но тоа не било доволно за време на претходното претсетателство. Ако словенечкото претседателство продолжи во таа насока и ако имаме силен комесар кој навистина е посветен и Европскиот парламент кој секогаш бил на страната на Северна Македонија, тогаш може да се надеваме дека може да има прогрес.

Билатералните прашања не треба да бидат пречка на европскиот пат. Ние имаме свои проблеми во Европската Унија. Имаме правила кои не функционираат некогаш. Знаете дека треба да има консензус од сите 27 членки и тоа е речиси невозможно, особено кога се работи за надворешна политика и за проширувањето да имате вистински одлуки во вистинското време. Ние, во ЕУ, треба да размислиме како да ги смениме овие правила, бидејќи е неверојатно – како може една влада да ги спречи останатите 26 членки и да го блокира целиот регион.

Се надевам. Европската комисија можеби ќе треба да преговара со бугарската Влада и администрацијата во САД секогаш има идеи како да се справи со ваквите ситуации. Би ценел доколку Бугарија после изборите, земјата има свој став и тоа е во ред, го тргне на страна тоа од патот на кој што одиме сите заедно.

Дваесет и шест од вкупно 27 земји членки се многу јасни. Не сте сами и не сте единствените кои се разочарани.

Постои огромно разочарување и во Европскиот парламент. Од друга страна, Советот мора да најде начин да се одржи меѓувладината конференција, бидејќи мора да ја искористиме шансата сега, но исто така тоа е и наша обврска. Вашата земја испорача, а и Албанија, исто така, и сега редот е на ЕУ. Секогаш зборуваме дека е потребно да се спроведат реформи, да се завршат задачите, но сега ЕУ е таа која треба да ја заврши задачата. Убеден сум дека словенечкото претседателство ќе даде се од себе.“, вели Кнут Флекенштајн.

 

Next Post

Приведен битолчанец за кражба во обложувалница во Прилеп

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk