Патриотските дркаџии од собраниската глутница, ќе го гонеле Талата, зборел на албански, некаде во Европа.
Може и затвор да го пратат.
И спикерството да му го земат.
Говњарите и говњарките на македонизмот.
И на унитаризмот.
Односно на кретенизмот.
Се уште не е утврдено дали се толку глупави или уште еднаш ќе играат на претпоставката дека народот на кого на овој начин ќе му се додворуваат, е тотално луд.
Да ви кажам нешто: Не е Талат Џафери во судир со Уставот на Северна Македонија, туку уставот е во судир со македонската реалност, не се негациите тие што го зарозуваат македонскиот идентитет, туку неговите одбрани од страна на чипираните идиоти од вашата Мажино линија, не е светот настроен против македонскиот идентитет туку македонскиот идентитет е настроен против светот, и тоа со аспекти кои се наоѓаат во неговата најдлабока суштина.
Пуштете го човекот да зборува на својот јазик кај сака односно кај што ќе го повикаат да каже нешто или кај што самиот ќе смета дека е повикан да зборува. Кокошкарската одбрана на јазичкиот унитаризам што ја водат кретенџугите од патриотскиот блок против Македонија (хахаха, не е грешка) претставува директно загрозување на македонскиот јазик односно отвора нова спирала во која преку одбраните на идентитетот, патриотите ќе го компромитираат.
Ил си идентитет ил не си.
Аман!
Фејсбук објава од Бранко Тричковски




