ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Иницијатива 50 проценти родова еднаквост “: Жените знаат и умеат да креираат политики за подобра држава

July 4, 2021 12:09
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Жените знаат и умеат да креираат политики за подобра држава, а регионална соработка на жените од политиката придонесува за нивна поголема застапеност на национално и локално ниво. Ова е заклучено на конференцијата на Иницијативата 50 проценти родова еднаквост што се одржа викендов во Охрид, во организација на Либералниот Институт Скопје и Фондација Борис Дивковиќ од Босна и Херцеговина.

– Оваа конференција ја организираме за прв пат во нашата земја се со цел да покажеме дека во регионот може да соработуваме и да ги негуваме либералните вредности. Жените треба максимално да се поддржуваат една со друга, а мажите треба да ги охрабрат, треба да негуваме квалитет пред квантитет, истакна Санда Крекиќ, извршна директорка на Либерален Институт Скопје.

Според Моника Зајкова, пратеничка и потпретседателка на ЛДП, родовата еднaквост е тема на која треба постојано гласно да се говори.

-Како жени во политиката од Регионот освен што треба да креираме и поднесуваме иницијативи, треба и заедно на терен да работиме на нивна целосна имплементација. Родовата еднaквост е тема на која треба постојано да потсетуваме и гласно да говориме. Очекувам поголема вклученост на жените во креирање на локалните политики. Жените овде знаат и умеат да креираат политики за подобра држава, изјави Зајкова.

Билјана Аврамоска Ѓореска претседателка на Форум на жени при ЛДП појасни дека главната задача на Форумот е да ги мотивира жените проактивно да се вклучат во политиката и да се изградат како зрели политички индивидуи.

-Отворено дискутираме за сите прашања  кои се од интерес за жените но и за мажите. Форумот овозможува градење на капацитетите, промоција на жените, но и поддршка на законски измени кои се во насока на подобрување на положбата и статусот на жените во општеството, вели таа.

Како што информираат од Иницијативата, на конференцијата било истакнато дека либералните партии од Западен Балкан активно работат на развој на програми и стратегии насочени кон спроведување на родова еднаквост на политичката сцена.

Next Post

Марин Ле Пен реизбрана за лидер на „Националниот собир“

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk