ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Сите бевме Бугари, а Бугарите беа раја!

July 4, 2021 13:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Имам разбирање за разбирањето на Јанша, впрочем и јас имам разбирање за делови од бугарската позиција во однос на Македонија, но немам разбирање за молкот на неговите другари во антиевропската и, во суштина, профашистичка политика, во Скопје и во Будимпешта.

Нели Јанша им беше главна надворешно-политичка легитимација. Врската на Македонија со Европа и со светот.

Јас мислам дека реакции нема затоа што и во оваа драма тие се на иста линија.

Јанша никогаш нема да може да ги изневери нив колку што тие можат да ја изневерат Македонија.

Тоа не е случајно.

Се работи за десничарска солидарност која и политички и географски, односно вредносно и физички, се труди да го затвори западнобалканскиот базен, односно себе си да се постави како некаков санитарен кордон меѓу регионот и Европската унија. На штета на Унијата и на Балканот. Во една малку подолгорочна проекција и на себе. Тоа е класична шема на десничарското поведение кое е толку поапсурдно, подеструктивно и автодеструктивно, колку што е поголем отклонот в десно.

Во тој свет Македонија е жртва по линија на својот македонизам (Бугарија) но и по линија на вредносните критериуми, оние на толеранцијата, демократијата, правото, мултикултурата, можеби, пред сè.

Од Гдањск удолу, нема попристојно, покултурно, подемократско, помодерно структурирана држава од Северна Македонија. Не се смејте затоа што ако се смеете на овие тврдења, тоа е сигурен знак дека сте станале жртва на пропагандата односно дека вашата перцепција нема врска со стварноста. Ние, можеби, не сме единствената светла точка која свети контра новите мракови во европската политика, но сигурно сме пример кој заслужува внимание.

И, еве, го добиваме, но како негативна агресија.

Идентитетот е централната тема на македонското постоење во последните 30 години. Тоа беше наш избор. Лош, погрешен, катастрофален. Избор кој постојано произведуваше и сè уште произведува трауми, порази како победи односно победи како порази.

Закономерно.

Одговорот на соседите беше жесток.

Исто така закономерно.

Нашата одбрана низ која требаше да се реализираме и регистрираме како субјект, повеќе од сите напади, како не толку тивка вода, го ронеше идентитетот и ги водеше кон дефинитивниот пораз односно кон исчезнувањето.

Да ѝ се бевме предале на новата внатрешна суштина на државата, да се хармонизиравме со себе, како што потписникот на овие редови се залагаше и да имавме малку поголем респект кон соседите и нивните интереси и фрустрации, денеска македонскиот идентитет ќе беше неизбришлива значка на европскиот грб. Но, ние го бркавме уставното име, „славната” историја и кој ќе биде газда во преамбулата на Уставот. Тоа ни овозможи да загубиме триесет години. Тие што нè насочија по тој пат, сега серат по разноразни бесмислени форуми убедени дека нивните лепешки се ориентири на патот кон Брисел и светлата иднина што тие со сите сили успееја да ја замрачат.

Тие скотови ни овозможија да ги пропуштиме ама баш сите тајминзи.

Светот е во судир со логиката. Односно со себе.

Па, ајде малку да го нервираме:

Македонците не можеле да ја крадат бугарската историја ако пред 1941 биле Бугари. Како што тврдат во Софија. Затоа што бугарската историја, во тој случај, била нивна историја. Дури и ако потоа ја фалсификувале, изобличувале и кривотвореле, тие имале право со својата историја да прават што сакаат. Дури и да се конституираат како посебна нација. Тоа значи дека Македонците можат да се обвинат за кражба на бугарската историја само ако пред 41 не биле Бугари. Што Софија го негира. Не е можно ем дека биле Бугари ем дека краделе бугарска историја за да станат Македонци односно можеле да крадат само ако веќе биле Македонци или некакви други Небугари кои решиле, самостојно или по налог на Тито и комунистите, да се омрсат од бугарскиот историски казан.

Хахаха!

Сакам да кажам дека тезата за украдената историја директно го негира бугарскиот став дека пред 1941 година Македонците биле Бугари. И обратно, ако се откажат од тезата за украдената историја тие мора да се откажат од тезата дека Македонците биле Бугари.

А и признавањето е многу проблематично. Кој треба да признае дека нашите мртви биле Бугари. Само мртвите. Јас не би можел да признаам што сум бил пред 1941 година затоа што сум роден во 1952. Кој во Бугарија може да признае дека пред руско-турската војна во која без своја вина е акуширана Бугарија, Бугарите биле раја?

Хахаха!

Кој ќе признае дека дунавските селани го предале Христо Ботев на Турците веднаш по симнувањето од бродот „Радецки” затоа што кога овој им понудил да се борат за ослободување од Османлиите, овие сместа помислиле дека Ботев е лудак кој нешто блада.

Но, гледајте, јас знам дека логиката е последниот критериум на политиката. Односно дека моќта е сè. Но, и на моќта не и се пишува добро. Цивилизацијата е влезена во смртоносна декаденција. Бугарскат блокада е изрзаз и инструмент на таа декаденција. Односно таа е по дефиниција и антибугарски чин. Второ, Планетата е на работ на еко катастрифа со вселенски димензии. И конечно, Бугарија е во напредната фаза на автодеструкцијата, општеството е во исчезнување, културата на умирање, државата на издишување. Изборите ќе ја потврдат таа тенденција, сеедно дали земјата ќе се труфоновизира или ќе потоне во отпорите на трифоновизацијата, односно на естрадизацијата, односно на рaздржавувањето и десубјективизирањето. Процеси што фолклорниот и патетичен народ нема да може да ги спречи. Обратно, ќе ужива во нив.

Спорот со Македонија е последен рефлекс на умирачкото суштество. Нема спас за Бугарија. Ние ќе останеме уште 1.000 години по смртта на Софија, но и ние ќе умреме. Сите ќе умреме. Ќе треба да покажеме един жест и на смртната постела да и шепнеме на мајката си: имаше право, стара, сите бевме Бугари!


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Палестинското Министерство за здравство тврди дека 57 деца во Газа починале од глад

May 13, 2025

Калас: Русија реално не е заинтересирана за мир во Украина

May 13, 2025

Над 60 милиони туристи лани ја посетиле Италија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk