Вечерва се одржува промоција на книгата на Борче Боки Трајковски „Подемот и падот, СЈО во белешките на курирот“ и „Скопје тенкју 2“ во издание на Фронтлајн. Промоцијата беше лишена од посебни формалности. Авторот Трајковски немаше ниту еден слободен миг, бидејќи беше на располагање на бројните посетители и ги потпишуваше своите две најнови книги, како и претходните популарни книжевни остварувања „Клучот“ и „Скопје тенкју“.
Меѓу посетителите беа забележани низа познати личности од областа на културата, медиумите и политиката.
В. Д.