ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонската дипломатска гостопримливост и зошто навистина можеме

July 5, 2021 10:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

По посетата на папата Франциск во 2019 година, која како настан беше организирана на исклучително високо и речиси беспрекорно дипломатско и организациско ниво, во првите два дена од месец јули во пандемиската 2021 сведочевме за одличната програма и логистика на „Преспа форумот за дијалог“.

Дводневниот форум кој се одржа во охридско-преспанскиот регион и тоа во нашиот бисер – Охрид и во местото Отешево, покажа дека како држава кога навистина сакаме, тогаш и можеме. Редицата на високи гости, бројноста на сесии и разноликоста на теми и посетители во двата дена кои изминаа, се одвиваа на еден речиси совршен начин и јасно докажаа дека регионот на Преспа, со кој светската јавност подетално се запозна по склучувањето на Преспанскиот договор пред полни три години, знае да претставува наша права гордост.

Испраќајќи кристално јасна порака – Западниот Балкан припаѓа на Европа и на Европската Унија, македонскиот државен врв – претседател, премиер, вицепремиери и министри, несомнено ја илустрираа насушната потреба од отворање на хоризонтите и поимање на овој дел од Европа како дел без кој оваа убавица не може да биде вистински обединета. Делчето од сложувалката кое недостасува, буквално беше додено на мапата од државниците присутни на форумот, а останува истото фигуративно да се случи и на политичката арена во годините кои ни претстојат.

Отворајќи многу интересни теми и области за дискусија, меѓу кои и критичката анализа на односите на ЕУ и САД кон Западниот Балкан и колку првите успеваат да ги следат вторите и да се синхронизираат во намерата за станување стратешки играч во регионот, форумот целосно го оправда својот наслов како простор за вистински и директен дијалог. На моменти, дијалогот одвивајќи се и без вообичаените свилени дипломатски ракавици, знаеше да ја анимира јавноста до степен што главната тема на социјалните медиуми беа одредени изјави произлезени од сесиите.

Претседателската вила Билјана, освен со својата импозантна убавина и местоположба во градот на УНЕСКО, беше еден од просторите на кои беа пречекани многу државни претставници од соседните земји, но и од Унијата и од САД. Покажувајќи се како добри домаќини и демонстрирајќи ја нашата препознатлива дипломатска гостопримливост и приемчивост, неспорен факт е дека со завидната организација, како држава успеавме да се истакнеме како креатори на одличен настан и како дипломатија која е отворена за водење на дијалог и подавање рака за создавање вистински пријателства помеѓу државите.

Иван Дургутов

Next Post

(ФОТО) Малата пошта бр. 1310 во Куманово доби ново руво

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk