ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП: Поради стабилната епидемиолошка ситуација се бара зголемување на бројот на деца згрижени во градинките

July 5, 2021 14:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика од Комисијата за заразни болести побарала да дозволи дополнително зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките согласно постојната епидемиолошка ситуација. Дополнително до Комисијата и до Министерството за здравство и до Комисијата испратиле и списоци со лица кои не се вакцинирани против Ковид-19 со цел да се направат листи на приоритети, со оглед на тоа што, како што истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, од голема важност е децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани, со што е намалена можноста за ширење на инфекцијата.

-Вакцинацијата како процес непрекинато се одвива. Најпрво, на почетокот во март голем дел од вработените се пријавија на нашиот повик за да бидат вклучени во процесот на вакцинација. Но, сега дополнително списоците со останатите вработени се испратени во Комисијата за заразни болести и во МЗ. Ние сме во дневна комуникација со нив околу правењето приоритети и важноста колку е значајно останатите вработени во градинките да бидат вакцинирани. Тука не говорам само за воспитувачи и негуватели, туку и за стручните работници, за готвачите, помошно-техничкиот персонал…, зашто ни е важно децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани и на тој начин да се превенира можност за инфекција, рече, министерката Шахпаска.

Ние, додаде таа, испративме и допис до Министерството за здравство и во еден наврат ја зголемивме бројката наместо 15, 20 деца да бидат во групите.

-Сега испративме нов допис со оглед на епидемиолошката остојба во државата која е стабилна да може да се зголеми бројот на деца, секако со почитување на мерките за превенција од инфекција со коронавирусот, рече Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи-детски градинки“. 

Next Post

Бочварски: Потребни се „зелени коридори" на границите заради брз транспорт на стока

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk