Колумнистот на Фронтлајн, Борче Боки Трајковски, познат и како Боки Бургија, вечерва на зелениот покрив на ГТЦ ќе промовира две книги „Подемот и падот на СЈО“ и „Скопје тенкју 2“, во издание на Шорткат продукција.
Промоцијата ќе започне во 20 часот, а посетителите ќе имаат прилика да се „освежуваат“ со музиката на дуото „ Дежа ву’. Како што се вели и во најавата од самиот автор, промоцијата е ослободена од говори. На промоцијата ќе бидат изложени и претходните изданија на Трајковски, „Клучот“ и „Скопје тенкју 1“.