Судскиот совет го разреши судијата, Горан Бошевски, кој го води предметот „Траекторија“ за кинеските автопати, во кој застаре делото за екс премиерот Никола Груевски, дознава Телма од извори во советот.
Oттаму официјално не потврдуваат за кој судија станува збор, се` до правосилност на одлуката, бидејќи постапката била тајна. А, во официјалното соопштение објавено на веб-странцицата на Судскиот совет, кусо пишува само дека „разрешен е еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и дека времено е суспендиран.
Судијата Бошевски има право на жалба пред Врховен и неговото разрешување ќе значи и дека судењето за „Траекторија“ ќе почне од почеток, како и сите други предмети кои се во негови раце. Првото рочиште за Траекторија бнеше закажано на крајот од 2017 година, а покрај Груевски обвинети се и поранештните функционери, Владимир Пешевски, Миле Јанакиевски и екс-директорот на државни патишта, Љупчо Горгиевски.
извор: телма.ком.мк