ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Нема ново одложување на пописот, и покрај се реформите во образованието започнуваат од септември, Балканот е новата надеж на Европа, конфликтите во регионот се минато

July 6, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Со политички договор поради пандемијата со Ковид-19 пописот во април годинава беше одложен за септември, а локалните избори за втората половина на октомври. Симовски, вчера посочи дека се следи епидемиолошката ситуација и дека пописот ќе биде спроведен согласно предвидените мерки и протоколи за заштита, додека попишувачите ќе бидат вакцинирани во текот на август. Пописот ќе се спроведе од 5 до 30 септември, нема ново одложување.

Балканот е новата надеж на Европа. Конфликтите во регионот се минато, соработката е нашата сегашност и иднина, објави премиерот Заев на Фејсбук. „Во времиња на глобални предизвици, со Договорот од Преспа испративме глобална порака за дијалог и мир. Го надминавме минатото исполнето со недоверба, за да градиме заедничка иднина.“, се наведува во објавата од премиерот Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава. Додаде дека теренската вакцинација против Ковид-19 треба да почне од следната недела.

Министерството за образование и наука и Владата продолжуваат со подготовката на дигиталните материјали за учење и покрај повлекувањето на предлог законот за учебници од собраниска процедура. Реформите ќе стартуваат според утврдениот план од септември во прво и четврто одделение. Ова го истакна министерката образование и наука Мила Царовска на гостување во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Синоќа се одржа промоција на две книги од Борче Боки Трајковски, познат и како Боки Бургија, „Подемот и падот – СЈО во белешките на курирот“ и „Скопје тенкју 2“ во издание на Фронтлајн/Шорткат продукција. На зелениот покрив на ГТЦ присуствуваа околу 200 луѓе, меѓу кои и многу јавни личности. На промоцијата беше забележана и обвинителката Фатиме Фетаи, една од највпечатливите ѕвезди на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Во рамки на летните активности за подобрување на урбаната инфраструктура во Општина Центар, предвидена е и реконструкција на 9 детски игралишта во општината.

М. Миткоска

Next Post

До крајот на неделава треба да стигне лекот за пациентите со цистична фиброза

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk