ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Половина од општините немаат објавено информации за услугите што ги обезбедуваат

July 6, 2021 13:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Постојниот квалитет на услуги кои ги обезбедуваат единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) на веб-порталите не обезбедува ефективна и брза услуга за граѓаните, ниту пак еднаков третман, пристап и достапност за секој граѓанин и правно лице. Ова го утврдува Државниот завод за ревизија во објавениот конечен ревизорски извештај од извршената ревизија на информациските системи како Ревизија на успешност на тема „Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали“.

– Достапноста на е-услугите преку интернет со примена на стандардите за веб-пристапност на е‐услугите се уште не е на задоволително ниво. Движењето низ веб-порталите и обезбедувањето е-услуги, како и достапноста до информациите, упатствата и формуларите за одредена услуга не се унифицирани за сите ЕЛС, а проблематично е и пребарувањето на веб-содржините, соопшти ДЗР.

Државниот завод за ревизија во 2019 и 2020 година изврши ревизија на информациските системи како ревизија на успешност на тема „Квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб портали”. Со ревизијата беа опфатени сите единици на локална самоуправа и градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа, или вкупно 81 ЕЛС, како и Министерството за локална самоуправа и Министерството за информатичко општество.

-Ревизијата го опфати периодот од 2016 до 2020 година, како и одредени области, прашања и настани и пред 2016 година и последователно до денот на известување за извршената ревизија. Со цел да биде зголемен опфатот на ревизијата, ревизорите доставија онлајн-прашалник до сите општини во РСМ, за прибирање податоци за квалитетот на услугите кои ЕЛС ги обезбедува преку своите веб портали. На доставениот прашалник одговорија вкупно 77 ЕЛС, а одговор не доставија следните општини:
Арачиново, Сарај, Студеничани и Кичево, информира ДЗР.

Со извршената ревизија за квалитетот на услуги кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали, ревизорите утврдиле дека 38 ЕЛС (49,3 отсто) немаат наведено на своите веб- портали информации за услугите што им ги обезбедуваат на граѓаните и правните лица; две ЕЛС (2,6 отсто) имаат недостапни веб-портали; 36 ЕЛС (46,8 отсто) немаат објавени формулари за услугите кои ги обезбедуваат; 39 ЕЛС (50,6 оттсо) немаат објавено информации кои се однесуваат на административните такси за услугите;23 ЕЛС (29,8 отсто) на своите веб-портали немаат воспоставена можност за електронско пријавување проблем при обезбедувањето на јавните услуги.

-Од декември 2019 година, во употреба е пуштен Националниот портал за е-услуги, кој треба да биде единствената врска на граѓаните со институциите. На порталот https://uslugi.gov.mk/ во текот на извршување на ревизија има понудени 810 услуги, од нив 151 електронска услуга (е-услуги), од различни дејности и институции, но нема ниту една електронска услуга која е во надлежност на ЕЛС. Планирањето на локалниот економски развој, утврдување на развојните и структурните приоритети, согласно законската регулатива е во надлежност на ЕЛС, наведува Државниот завод за ревизија.

Стратегија за локален економски развој немаат изготвено 35 ЕЛС (45,4 отсто), а дури 71 ЕЛС (92,2 отсто) немаат изготвено Стратегија за развој на информацискиот систем и употреба на информатичката технологија . Стратегијата за локален економски развој на својот веб-портал, пак, не ја објавиле 54 ЕЛС (70,1 ) .

-Иако транспарентноста и отчетноста во работата на ЕЛС се предвидени во Законот
за локална самоуправа, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Законот за користење на податоци од јавниот сектор, кај поголем дел на ЕЛС е забележано отсуство на информации или нецелосни информации за користење на јавните средства од страна на единиците на локална самоуправа, односно недоволна буџетска транспарентност , а не е обезбеден ниту пристап до информации од јавен карактер или пак се објавени нецелосни информации од јавен карактер, наведва ДЗР во извештајот.

Во најголемиот дел од општините, ревизорите констатирале недоволни човечки и материјални ресурси, потребни за воспоставување е-услуги, како и непостоење анализа и утврдени минимални потребни ресурси неопходни за непречено обезбедување квалитетни услуги преку веб-порталите на ЕЛС;

Кај најголемиот дел од општините е детектирано нефункционално решение за следење на состојбата на давање услуги од субјектите кои вршат јавни услуги, како и отсуство на редовно следење на квалитетот на јавните услуги на локално ниво. Истовремено, дел од општините немаат обезбедено безбедносен HTTPS протокол за пристап до веб-порталите, со кој би се овозможила безбедна размена на електронски пораки и податоци.

Ревизорите во извештајот препорачуваат дека е неопходно надлежните институции да преземат активности и конкретни мерки во функција на подобрување и унапредување на квалитетот на услугите кои ги даваат ЕЛС преку своите веб-портали, како и зголемување на бројот на е-услуги.

– Дополнително, потребно е да се дејствува проактивно во насока на подигнување на јавната свест на граѓаните за користењето на услугите по електронски пат, како и едукација во делот на придобивките од ваквиот начин на реализирање на услугите наместо на традиционалниот начин, особено во услови на пандемија како што беше случајот со вирусот Ковид-19, наведува ДЗР во ревизорскиот извештај.

извор: МИА

Next Post

ФИТР и УСАИД ја продолжуваат соработката за поддршка на стартап бизнисите и претприемништвото

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk