ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

ФИТР и УСАИД ја продолжуваат соработката за поддршка на стартап бизнисите и претприемништвото

July 6, 2021 13:12
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и УСАИД потпишаа Мeморандум за соработка со кој ја продолжуваат соработката за поддршка на претприемништвото и стартап бизнисите, зајакнување на капацитетите на приватниот сектор и зголемување на конкурентноста.

Заедничките активности, како што соопштија од ФИТР, ќе вклучуваат поддршка на инвестициите во технологија и развој на нови производи, поттикнување на меѓусекторска соработка и подобрен пристап до финансии за стартапи.

– УСАИД Македонија се наши долгогодишни партнери и поддржувачи на реформите во нашата држава, затоа ме радува што во наредните четири години ќе работиме на реализација на трите компоненти кои се приоритетни за економскиот развој на С.Македонија, односно подобрување на конкурентноста и продуктивноста пред се на стартап компаниите, создавање на атрактивни можности за вработување и привлекување на дигитално напредни млади да развиваат иновативни решенија на пазарот, истакна Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Во рамките на Меморандумот предвидени се и активности за подобрување и зголемување на транспарентноста на јавните институции на централно и локално ниво. Поддршката се однесува и на овозможување поголема соработка меѓу Владата, граѓанското општество и деловните субјекти.

– Овој меморандум им овозможува на УСАИД и Фондот за иновации да работат заеднички кон остварување на повеќе заеднички цели. Стратешките цели на УСАИД во следните пет години се да се зголеми економската конкурентност и продуктивноста на микро, малите и средните претпријатија, да се помогне во создавање економски можности за младите и намалување на корупцијата. Во рамките на новата стратегија, УСАИД соработува со партнери кои се лидери во својата област, знаат да спроведуваат и инвестираат ресурси за развој. Фондот за иновации е таков партнер и очекуваме одлична соработка, рече Ерик Јановски, претставник на канцеларијата на УСАИД.

ФИТР и УСАИД веќе имаат Меморандум за соработка за продолжување на кофинансирање на програмите „Џуниор Ачивмент“, кои се фокусираат на поддршка на најталентирани креативци и стимулирање на развој на идни претприемачи. Во активностите на „Џуниор Ачивмент“ минатата година беа вклучени: над 150 наставници и над 500 ученици од гимназиско и средно стручно образование, а победничкиот тим на националниот натпревар на ученички компании имаше можност да се натпреваруваат со своите врсници на Европскиот натпревар во Португалија. Годинава ученици од 14 средни училишта од целата држава преку истата програма ќе добијат шанса да станат идни претприемачи, стои во соопштението од ФИТР.

извор: МИА

Next Post

Денеска се регистрирани 16 нови случаи на Ковид 19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk