ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

„Највеселото“ сведоштво за еден мрачен период

Промоцијата на „Дисквалификувана демократија“ се одржа пред точно седум години, во ГЕМ, Стара Чаршија, некаде напладне, додека надвор беше некоја временска портокалова фаза и режимска црвена фаза. За чудо, иако очекувавме дека сите ќе бидат „зафатени“ со фудбалското првенство или со други портокалови и црвени изговори да не дојдат, просторот се наполни со луѓе.

July 8, 2021 15:30
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Џабир Дерала (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На денешен ден, пред седум години (8 јули 2014 година), среде светско фудбалско првенство, го промовиравме извештајот „Избори 2014: Дисквалификувана демократија“. Овој извештај и самата промоција, благодарение на креативните идеи на Сашо Орданоски и илустрациите на Игор Стевковски – Стевац, беше еден од, за мене, најинтересните промотивни настани на ЦИВИЛ. Тие денови се навршија осум години од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт (по изборите во јуни 2006 година).

Извештајот започнува со зборовите на Сашо, врз чија основа се градеше и ликовниот изглед на извештајот:

„Осум години од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и по осум изборни циклуси на сите нивоа во државата, најдобриот опис за сегашната состојба со македонската изборна демократија е да замислите дека фудбалскиот натпревар меѓу политичките конкуренти се игра на терен на кој власта својот гол го поставила на врвот од ридот, а диреците на опозицијата се наоѓаат во мочуриштето во подножјето на брегот. Судиите се потплатени да навиваат за владата, топката е заменета со хокеарски пак, опозицијата наместо во копачки трчка наоколу во апостолки, публиката главно се состои од државни службеници, монополот за продажба на семки и кикиритки го држи еден помал коалиционен партнер во власта, а правата за директен и објективен пренос на натпреварот ексклузивно ги има добиено ТВ Сител. Поголемиот дел од останатите важни избирачки елементи – како што се димензиите на изборните паравани и бојата на гласачките ливчиња – е според високите скандинавски изборни стандарди.“

Понатаму, на самиот почеток на Извештајот, се прави пресек на изборниот процес во 2014 година, за понатаму во извештајот, сите ставови изнесени во воведниот дел, да се претстават врз основа на документи и сведоштва прибрани од набљудувачите на ЦИВИЛ од теренот.

ЦИВИЛ во тоа време бележи:

„Несоодветно разграничување на партиските од државните ресурси и активности, заплашување на гласачите, прекумерен притисок врз етничките албански гласачи за бојкот на претседателските избори, голема медиумска пристрасност во полза на владејачката партија и нејзиниот претседателски кандидат, недоследности и двосмислености во законската изборна регулатива, загриженост за точноста на Избирачкиот список, неефективност на механизмот за решавање на изборни спорови итн.“

На долгорочна основа, јасно се извлекуваат основните атрибути на режимот во тоа време, со навршени осум години владеење:

„Сето тоа се случува во повеќегодишна атмосфера на говор на омраза посредно промовиран и поттикнуван од власта низ електронските и печатените медиуми од кои најголем дел имаат уредувачки политики под директна контрола на власта; во отсуство на политички дијалог како резултат на жестоката конфронтација меѓу режимот и опозицијата во земјата; со сериозни нерегуларности и ерозија на демократските стандарди во сите сфери на функционирањето на една нормална парламентарна демократија. Покрај ова, изборниот процес се одвива и во комбинација на високо наелектризирана политичка атмосфера, на слаби и партизирани државни институции, распространета социјална несигурност и сиромаштија, ниска граѓанска свест и постојано подгревани етнички тензии.“

Промоцијата се одржа во ГЕМ, во Стара Чаршија, некаде напладне, додека надвор беше некоја временска портокалова фаза и режимска црвена фаза. За чудо, иако очекувавме дека сите ќе бидат „зафатени“ со фудбалското првенство или со други портокалови и црвени изговори да не дојдат, просторот се наполни со луѓе. Дојдоа дури и неколку камери, иако поголем дел од снимките не отидоа во етер, туку во некои други архиви, како што беше вообичаено во тоа време.

Илустрациите на Стевац кои се објавени во самиот извештај, ги изработивме и во природна големина. Освен тоа, имавме и посебен, „музејски“ дел во кој беа поставени „артефактите“ од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ. Беа изложени голем број експонати – од беџеви и бележници на набљудувачите, записници од Избирачките одбори, до примероци од печатен материјал со црна пропаганда и скриншотови од интерна комуникација поврзана со изборните притисоци и политичката корупција.

Се сликавме со експонатите на оваа изложба, разговаравме отворено, исто како што пишувавме и говоревме сето тоа време, период кога многумина, не само што не се осмелуваа да говорат, туку и кокетираа или соработуваа со режимот. Седум години подоцна, овој извештај останува „највеселото“ сведоштво за еден мрачен период низ кој минуваше нашето општество.

Мислам дека е важно да ги зачуваме овие спомени, за да знаеме од каде доаѓаме, каде сме и каде не смееме да се вратиме. Пред нас е долг пат, зошто би се враќале?

 


прилог: ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД АРХИВАТА НА ЦИВИЛ (јули 2014 година)





Creative Commons 4.0

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

July 4, 2025

Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

July 4, 2025
Москва, Русија. Фото:: Andrey Rudakov/Bloomberg

Ново мистериозно самоубиство во Русија: Потпретседателот на „Трансњефт“ падна од прозор и почина

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk