СДСМ мора да биде со граѓаните, секогаш и секаде, секој еден е важен и на тој принцип се како власт се обврзавме кога ја презедовме власта, рече на потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево. „Едно општество за сите“ значи еднаков пристап на граѓаните пред институциите. Спасивме околу 100.000 работни места, обезбедивме финансиска подршка на турзмот, пензионерите, државата буквално не застана, за нас граѓаните секогаше се приоритет, посочи Спасовски.
Развивме сериозен енергетски стратешки план и една од точките на Акција 21, како и во Интервентниот План за инвестиции 2021-2027 е енергетиката, вели Заев. Заев изрази чест и задоволство што првиот парк на ветерници во земјата – Богословец станува реалност и рече дека проектот е исклучителен придонес кон пренасочување на националното производство на електрична енергија кон обновливи извори и надополнување на електричното производство приклучено на државниот оператор.
Со бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра, што ја промовираше Владата вчера како дел од шестиот пакет антикризни мерки, се предвидени грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори – туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови работни места и ги зголемат приходите.
Во пресрет на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска утринава присуствуваше на работен појадок, што го организираше австрискиот министер за труд Мартин Кохер за министрите за прашањата од областа на трудот од Западен Балкан. Таа се осврна на политиките за подобрено вклучување на младите лица на пазарот на труд, а особено на имплементацијата на Младинската гаранција која ја имплементираме како прва и единствена земја од овој регион на Западен Балкан.
Со износот од 2.400 денари којшто Министерството за образование и наука од октомври ќе го уплаќа на студентите за субвенциониран оброк ќе може да се плаќа кај кој било трговец. Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови.
Во последните три месеци, се бележи раст на индустриското производство – и тоа во март за 7,6 отсто, во април дури за 46,1 отсто и во мај за 16,5 отсто, во однос на соодветните месеци во 2020 година, укажа вицепремиерот Битиќи при презентирањето на бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра што е дел од шестиот пакет антикризни мерки.
Делта, главната ѕвезда на фестивалот во Кан:
М. Миткоска






