ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска ги претстави политиките за задржување на младите дома пред колегите од Западен Балкан

July 8, 2021 10:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска утринава присуствуваше на работен појадок, што го организираше австрискиот министер  за труд Мартин Кохер за министрите за прашањата од областа на трудот од Западен Балкан.

На состанокот присуствуваа и министерката за цивилни прашања на Босна и Херцеговина Анкица Гуделјевиќ, како и министерот за финансии, труд и трансфери на Косово Хекуран Мурати .

Министерката Шахпаска, на состанокот истакна дека Република Северна Македонија и Република Австрија досега имаат одлична соработка во доменот на вработувањето, социјалната заштита и социјална инклузија.

Таа се осврна на политиките за подобрено вклучување на младите лица на пазарот на труд, а особено на имплементацијата на Младинската гаранција која ја имплементираме како прва и единствена земја од овој регион на Западен Балкан.

„Имплементацијата на оваа Програма за нашата држава даде исклучително позитивни искуства и резултати.  Но, сепак се уште има предизвици со кои се соочуваме и кои мораме да ги надминеме. На тоа интензивно работиме. Во тие напори од особено значење би ни била и понатамошната соработка со Австрија и споделувањето на нивните искуства и научени лекции, добри практики во имплементацијата на Младинската гаранција и политиките за млади, како земја членка на ЕУ“, нагласи министерката Шахпаска.

Таа ги истакна и напорите кои во овој изминат период Владата на Северна Македонија ги прави за справување со последиците од Пандемијата со Ковид-19 и усвоените пакети на анти-кризни мерки, детално креирани и усогласувани во соработка со социјалните партнери.

Австрискиот министер Кохер информираше за приоритетите на Австрија во делот на пазарот на труд, преминот кон дигитализација и кон зелени работни места, вработувањето и образованието на младите, особено во делот на заздравувањето од Ковид кризата.

Тој го сподели искуството на неговата земја во делот на имплементацијата на образовната гаранција, но и системот за практиканство на младите и во тој контекст, на силната поврзаност со приватниот сектор и компаниите.

Министерката Шахпаска оцени дека за државите од Западен Балкан, вклучително и за нашата предизвик е одливот на едуцирани млади луѓе.

„Ние како држава креираме конкретни политики кои треба да овозможат задржување на младите дома и градење на нивната иднина во Северна Македонија. Во таа насока е и имплементацијата на активните политики за вработување, зголемувањето на буџетските средства кои ги издвојува државата за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Работиме и на рамномерен регионален развој, како и на поттикнување на диверзитетот и на инклузивноста кои ги вградивме како основни принципи во овогодинешниот Оперативен план“, информираше Шахпаска, која се осврна и на тековните реформи во образовниот систем со цел негово што поголемо прилагодување кон пазарот на труд и потребите на младите.

Соговорниците ја нагласија потребата од продлабочување на заедничката соработка во иднина.

Во попладневните часови министерката Шахпаска ќе има свое обраќање на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан.

 

 

 

Next Post

Стопанската комора го стартуваше вториот столб со нови услуги од интерес на бизнисот и сите компании

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk