ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Севeрна Македонија се приклучи на кампањата на ОН „СИНО СРЦЕ“

July 8, 2021 14:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија се придружува на кампањата на Обединетите нации наречена „СИНО СРЦЕ“, која се стреми кон подигнување на свеста за проблемите и страдањата на жртвите на трговија со луѓе, објави на неговиот ФБ профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој информира дека денеска се обратил на состанокот во рамки на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, на кој присуствувал и регионалниот координатор на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Бил Вуд.

– Како земја-членка, потписничка на Протоколот на Обединетите Нации за спречување, потиснување и казнување на трговија со луѓе, особено со жени и деца, нашата држава континуирано се залага на зајакнување на капацитетите, наоѓање на модуси, разменување на искуства преку учество во меѓународни форуми, со цел да се постигнат ефективни резултати во борбата против трговија со луѓе. Приклучувањето кон оваа глобална кампања за нашата земја ќе претставува уште една можност за вклучување во глобалните текови на превенција, јакнење на свеста, вмрежување, размена на искуства, заеднички активности со другите држави, со цел сите обединети да се спротивставиме на трговијата со луѓе, напиша Спасовски.

Министерот Спасовски на ФБ профилот напиша дека остануваме на патот да креираме политики, да бараме нови начини да бидеме поуспешни, да дејствуваме, повторно со една цел да бидеме поефективни во идентификувањето на жртвите, гонењето на сторителите и обезбедување подобра помош и заштита.

– Носете сино срце во себе!, објави Спасовски.

извор: МИА

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk