ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба во Министерството за финансии со бизнис заедницата за хармонизација на царинските стапки

July 8, 2021 11:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Усогласувањето на царинските стапки со стапките на ЕУ ќе доведе до јакнење на конкурентноста на домашната индустрија, зголемени инвестиции од страна на компаниите, а со тоа и нови вработувања. Ова било посочено на состанокoт во Министерството за финансии на кој присуствуваа министерот за финансии Фатмир Бесими, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министрите за економија Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа, како и претставници на Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на северо-западна Македонија, МАСИТ, МАТТО и претставници на АмЧам Северна Македонија.

-Усогласувањето на царинските стапки е барање на стопанствениците во насока на хармонизација на царинските стапки на одредени тарифни броеви со стапките на Европската Унија. На состанокот беше претставена анализата кој ги опфаќа сите доставени барања за измена на царинските стапки на тарифните броеви од страна на сите стопански комори и ефектот врз македонската економија. Принципите врз кои се заснова и е работена анализата се заштитата на домашното производство и хармонизација на царинските стапки со стапките на ЕУ која треба да придонесе јакнење на конкурентноста на домашната индустрија, создавање поатрактивни услови за странските инвеститори, како и поинтензивно вклучување во глобалните ланци на снабдување односно создавање на додадена вредност, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Дијалогот и партнерството на Владата на Република Северна Македонија со бизнис заедницата, нагласуваат од МФ, се одвива во континуитет.

-Преку средбите со бизнис заедницата се дискутираат сите прашања, за кои институциите прават сериозни анализи и се преземаат соодветни активности. Од бизнис заедницата слушнавме предлози кои понатаму ќе бидат  разгледaни и она што е во насока на помош и поддршка ќе биде прифатено. Владата е тука да создава услови и деловен амбиент за работа, развој на инвестиции, на извозот, а со тоа и на севкупната економија, посочуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека креирање поволно деловно опкружување преку системско редифинирање на царинскиот тарифник, намалување на други парафискални давачки и даночно олеснување и одложување на неколку јавни давачки било предвидено и во петтиот пакет антикризни мерки, а што беа и барања од стопанствениците.

Мерките, според МФ, се дизјанирани за директна поддршка на стопанството и компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните со подобрување на животниот стандард и работните услови.

извор: МИА

 

Next Post

МОН: Со средствата од субвенционираниот студентски оброк ќе може да се купува храна кај било кој трговец

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk