ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР и Стопанска банка го олеснуваат финансирањето на иновативните компании

July 9, 2021 13:02
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Олеснет пристап до финансирање за за сите микро, мали и средни претпријатија, овозможени се преку Меморандумот за соработка кој го потпишаа Фондот за иновации и технолошки развој и Стопанска Банка АД Скопје.

Можностите се однесуваат на корисници на кофинансирани грантови на ФИТР, кои имаат потреба за дополнителна финансиска поддршка, како и за компании кои аплицирале на некој од повиците на ФИТР а не биле одобрени за финансирање од Фондот.

-Пред неколку месеци суштинската соработка на ФИТР со банкарскиот сектор беше само идеја, а денес со шестте најголеми банки во државата им го олеснуваме развојниот пат на македонските стартапи и заеднички придонесуваме за развојот на домашната економија. Верувам дека преку партнерството на ФИТР со Стопанска банка АД – Скопје, ќе ја зголемиме бројката на новите стартап компании и ќе ги поттикнеме инвестициите, со крајна цел да започнат бизнис во нашата земја а да бидат успешни на светските пазари. Предлог проектите кои ги добиваме на јавните повици покажуваат дека имаме голем мотив  да продолжиме интензивно да работиме на потребите на стартап заедницата и изнаоѓање решенија за полесно пласирање на нивните идеи, изјави директорот на Фондот, Коста Петров.

Пакетот на банката нуди основна и наменска трансакциска сметка за вршење плаќања во домашниот платен промет без надомест за отвaрање на сметка, дозволено пречекорување на денарска сметка со минимална провизија за одобрување, пристап на Е-banking и М-banking сервиси и повластени провизии за трансакции преку Е-banking сервисот до 70% пониски од оние на шалтер но и VISA бизнис картичка без надомест за годишна членарина за првата година од користењето. Дополнително Банката може да понуди и кредитни линии, краткорочни и среднорочни кредити за финансирање на обртен капитал, долгорочни кредити за финансирање на инвестиции со промотивни услови како и посветен советник за бизнис клиентите.

-Потпишувањето на Меморандумот за соработка со ФИТР не радува затоа што силно веруваме во претприемачкиот дух, во иновативноста на нашите сограѓани и во потенцијалот за локален но и за глобален раст. Нашата улога како системски значајна банка е токму да бидеме двигатели на економијата. Оттука, покрај поддршката за големи развојни проекти, Стопанска банка е посветена и на поддршка, како и на охрабрување на малите и средните компаниии за целосно да ги остварат своите амбиции преку здрави финансиски совети и соодветно прилагодени производи и услуги. Ги повикуваме заинтересираните да им пристапат на нашите референти за мал бизнис во филијалите и да побараат практичен совет и финансиско решение прилагодено на нивните потреби, информираат од Банката.

ФИТР и Стопанска банка ќе организираат и едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании, зголемување на финансиската писменост со цел олеснување на пристап кон финансиски средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации.

извор: МИА

Next Post

Заев - Харис: Горди сме на еврејската заедница во Северна Македонија како важен сегмент на нашето мултикултурно општество

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ