Заев, заедно со Дејвид Харис, извршен директор на Американскиот еврејски комитет одржаа средба во рамки на работната посета на Атина.
Главниот акцент на разговорите беше ставен на најактуелното прашање за ЕУ-перспективата на нашата земја. Премиерот Заев истакна дека еврејската заедница во земјава иако е мала, таа е многу активна и придонесува во градење на демократското општество со свои претставници во националните институции.
Извршниот директор на Американскиот еврејски комитет, Харис рече дека премиерот Заев и Северна Македонија имаат голема поддршка за евроинтегративните процеси на земјата. Како што беше кажано на состанокот Северна Македонија е членка на НАТО и сите очекувања се да започнат интегративните процеси како што беше ветено.
На средбата се дискутираше и за енергетските проекти и договорите кои се потпишуваат со Грција после Договорот од Преспа, а имаат цел економско поврзување и напредок на Северна Македонија.