Премиерот на конференцијата на „Економист“ во Атина ги истакна можностите што нашата земја ги нуди за инвестиции, а се задржа и на договорот што денеска ќе се потпише меѓу двете земји за интерконекторот за природен гас. „Тоа е многу голем проект, околу 100 милиони евра. 54 милиони евра се на Северна Македонија. Тоа е интерконектор за природен гас што отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија, за Косово, за Западен Балкан, што конечно ќе донесе диверзификација на природен гас“, истакна Заев и потенцираше дека нашата земја „станува енергетски коридор за земјите од Југоисточна Европа“.
„Од септември минатата година имаме оперативен план со стратешки пристап за апсење и пронаоѓање на лица што се бараат по потерници“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето на „Утрински брифинг“. Тој додаде дека во оваа насока е оформен тим од исклучителни професионалци, кој дава резултати. Спасовски откри дека веќе стотина лица се уапсени од оние што се барале со потерници, а во топ приоритет се лицата што се осудени на повисока затворска казна или пак по кои подолг период се трага.
Пандемијата ја покажа суровата реалност, дека не сме изградиле одржлива дестинација, дека сме оделе на квантитет, а не на квалитет, дека на краток рок не можеме да понудиме форми на туризам кои ги бараат новите целни групи на туристи. Тоа е предизвик не само за секторот, туку и за сите релевантни институции. Не треба да си ја префрламе топката едни на други, ниту меѓусебно да се обвинуваме, туку да понудиме нешто и заеднички да градиме здрав туристички сектор, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.
Мислам дека треба да се прифати резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, но под следните услови. Да се откажат и да го осудат своето мрачно режимско минато. Да го повикаат Груевски да ја отслужи казната и да седне на обвинителна клупа за сите останати судски случаи… Пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
На состанокот на Комисијата за заразни болести што треба да се одржи оваа недела ќе се разговара за евентуални препораки во однос на критериумите за влез на границите, но засега нема најава за рестриктивни мерки на границите. Во моментов, здравствените експерти чекаат да излезат публикации со информациите кои им требаат во врска со тежината на клиничката слика, односно да се види како се однесува делта сојот на коронавирусот кај луѓе кои се или не се вакцинирани.
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска, навремена грижа за домашното стопанство и домашната економија. Во таа насока, промовирана е нова линија бескаматни кредити Ковид 4 наменета за занаетчиите, трговските поединци и приватните здравствени установи. Преку Развојна банка за оваа линија кредити ќе се обезбедат нови 10 милиони евра кои ќе се слеат во стопанството.
М. Миткоска





