За Брансон, 70-годишниот британски милијардер, овој лет, се чекаше многу долго. Во 2004 година, тој ја основаше Вирџин Галактик за да им обезбеди на авантуристичките туристи возења со ракетни авиони до работ на вселената и назад, информира NYTimes.com.
Во тоа време, тој сметаше дека комерцијалната услуга ќе започне за две до три години. Наместо тоа, поминаа близу 17 години.
„Вирџин галактик“ соопшти дека има уште три тест лета за спроведување, вклучително и овој денес, пред да биде подготвен за наплаќање на патниците. Во овој лет, Брансон ќе биде член на екипажот. Неговата задача е да го процени искуството во кабината за идните клиенти.