ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Бочварски: Започнавме со изградба на нова социјална зграда во Кочани со 34 станови

July 12, 2021 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

„Започнавме со изградба на нова социјална зграда со 34 станбени единици во Кочани намената за ранливите групи на граѓани. Исто така со средства преку Министерството за транспорт и врски реконструираме неколку улици во општината со што значително ја подобруваме безбедноста и урбаното живеење во градот, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Кочани.

Министерот Бочварски, градоначалникот Николчо Илијев и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски, извршија увид во изградба на социјалната зграда како и реконструкција на улицата Теодисја Паунов.

Реконструкцијата на улицата Теодосија Паунов е во рамките на проектот за поврзување со локални патишта, инвестиција од 6,6 милиони денари. Според динамиката на работа улицата целосно ќе се заврши овој месец.

„Преку Министерството за транспорт и врски на општина Кочани преку блок дотации и беа распределени 6 милиони денари за изградба на кружни текови токму на оваа улица. Практично со овие инвестици општината заокружува една целина во изградба на модерно булеварското решение со што ќе се овозможи побезбеден сообраќај во градот. Исто така би сакал да потенцирам дека во вториот теднер преку овој проект во општина Кочани ќе се реконструираат  уште две улици и тоа улица Гошо Викентиев и улица Раде Кратовче.

Денеска ја искористив посетата да извршивме увид и во изградба на новата социјална зграда која неодамна започна да се гради во Кочани. Се работи за зграда со 34 станови наменети за социјaлно ранливи категории на граѓани, инвестција од околу 1 милион евра” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Сакаме да изградиме пристојни улици за граѓаните бидејќи овие се едни од најстарите во општината, истакна градоначалникот Илијев.

„Две третини на реконструкција на Теодисје Паунов е завршена. Во продолжение работиме на кружните текови и на реконструкција на тротоарите. Во наредниот период отпочнуваме со реконстриуција на двете улици за кои аплициравме преку министерството, за што веќе ја средивме комуналната инфраструктура. Сакаме да направиме пристојни улици за граѓаните и заедно со централната власт да овозможиме пристоен дом за сите ранливи семејства“, истака Николчо Илијев градоначалник на општина Кочани.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски истакна дека покрај оваа зграда во Кочани започната е и изградба на нова социјална зграда и во Пехчево.

“Рокот за изградба на оваа зграда е 18 месеци. Зградите во Виница и Свети Николе се во завршна фаза,  веќе започнавме со изградба на зградата во  Пехчево. До крај на овој месец очекувам да започнеме со изградба и на зградата во Сарај. За објектите во Прилеп и во Штип следниот месец очекувам да се распише јавен повик за изградба и некаде во октомври целиот овој проект до го затвориме со Банката”, изјави  Кристијан Трајковски,  Директорот на АД за стопасниување со станбен и деловен простор

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ветени 10 милијарди долари за обновата на Украина на конференцијата во Рим

July 10, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите и ќе се откријат злоупотребите со одобренијата

July 10, 2025
Фото: ФФМ

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За национализмот и патриотизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk