„Визијата е да им обезбедиме услови на младите за да живеат и работат тука. Со помош на централната власт и меѓународната заедница реализиравме доста проекти, бидејќи Преспа и Северна Македонија го заслужуваат најдоборото“ рече Живко Гошаревски, градоначалник на Ресен на трибината „Најдоборот за нашата општина“ која се одржа во тој град.
„Започнуваме активности за реконструкција на патниот правец Ресен-Охрид преку Галичица. Со тоа конечно ќе можеме да се восхитуваме на Галичица и да привлечеме туристи од земјава и странство“ истакна Гошаревски.
Тој додаде дека во изминатите 3 и пол години локалната власт изградила и реконструирала преку 20 километри улици и патишта, како и преку 10 километри водоводна мрежа.
Градоначалникот на Ресен Гошаревски истакна дека иако наследиле доста препрки и долгови, со макотрпна и транспарентна работа во изминатиот период Преспа конечно до добила модерниот лик што го заслужува.
„Препреките беа огромни, но мотивот за подобар живот беше пред се. Капиталните проекти кои ги оставам зад себе ќе сведочат за успешноста, транспарентноста, одговорноста и работата во интерес на сите жители на општина Ресен“ рече Гошаревски.
Д. Е.