Страшни сцени на насилство од страна на англиски хулигани врз навивачите на Италија после финалето на ЕУРО2020 одиграно на Вембли во Лондон.
Од она што може да се забележи на видео снимката објавена на социјалните мрежи, група од ангиски хулигани ги пречекале италијанските навивачи и брутално ги маваат
Насилството се претпоставува дека е на излезите од стадионот Вембли во Лондон, каде вчера се одигра финалето на ЕУРО 2020.
Нов европски првак во фудбал е Италија, совладувајќи ја Англија со 3:2 на пенали, откако по 120 минути игра заврши 1:1.
За Италија, која ја продолжи својата серија без пораз на 34 натпревари, ова беше четврто финале, по европската титула во 1968, и двата порази во финалните натпревари во 2000 и 2012 година.
Вчера Англија го играше своето прво финале во историјата на Европските првенства, а досега најголемиот успех го постигна во 1968 година кога заврши како третопласирана, додека во 1996 беше елиминирана во полуфиналето.
Ј. Ѓ.