Веќе нема потреба од закажување на термин за вакцинација. Отсега брзо, лесно и едноставно можеш да го сториш тоа. Посети ја најблиската здравствена установа и вакцинирај се без закажан термин, напиша на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Само со одговорно однесување кон себе и кон другите, посочува министерот, може да ставиме крај на пандемијата.
Се согласувам дека прашањата се решаваат билатерално во Скопје или во Софија, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Бугарија Румен Радев дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија зависи од отворен и конструктивен дијалог меѓу двете земји.
СДСМ ја поддржува Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и целосно стои зад заштитата на македонскиот јазик и идентитет, но Уставот во однос на името на државата мора да се почитува, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Се додека Предлог законот не помине на Собрание и не се објави во Службен весник важи постојното законско решение, а тоа е дека сметките ќе доаѓаат со ДДВ од 18 отсто што е сега на сила. Штом ќе помине законот во Собрание, од денот на неговото донесување ќе се пресметува 5 отсто ДДВ за домаќинствата за потрошена електрична енергија, прецизира Бесими во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Во однос на тоа колку длабоко ќе се копа во малата депонија во ОХИС, експертите на денешната прес-конференција велат дека според податоците што ги имаат, откако ќе се тргне горниот слој на нафрлената земја, се наоѓа закопан линданот и изомерите во бетонски базени, во длабочина од 1,70 метри, потоа ќе се ископа и извади бетонот и ќе се направи дополнително истражување дали НСН пенетрирал и подлабоко во почвата. Доколку НСН пенетрирал и подлабоко во почвата тогаш ќе се изведе и ископување до безбедни концентрации.





