ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судски совет разреши тројца судии и донесе одлука за пензионирање на двајца судии поротници

July 14, 2021 16:28
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 378 седница разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и донесе одлука за престанок на мандат на двајца судии поротници од Основниот кривичен суд Скопје поради навршени 60 години возраст.

Разрешените судии времено се одалечени од вршење на судиската функција.

Судскиот совет, се вели во соопштението по одржаната 378 седница, донесе одлуки за престанoк на судии поротници: во Основниот суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Момчило Нацевски, Сузана Дерменџиева и Владимир Тосев, поради истек на мандатот; Основен суд Радовиш: Убавка Петкова, по сопствено барање и Александра Тодорова, поради истек на мандатот и во Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст.

Избрани се судии поротници во Основен суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Методи Величков, Олгица Стојкова и Кирче Костов и во Основен кривичен суд Скопје: Саше Митрев, Снежана Јовановска, Ивона Јакомовска, Мирјана Костадиновска, Даниела Каевска и Јордан Миленов.

– Постапи по  барање за повторување на постапка и формираше комисија. Разгледано е  позитивно мислење од Врховниот суд на РСМ во врска со Методологијата  со индикатори за утврдување на сложеноста на предметите, се вели во соопштението објавено од Судскиот совет.

На седницата на Судскиот совет, како што информираат, било расправано по извештаите на комисиите на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и тоа: по 1(едно) барање ја запре постапката за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд; по 1(едно) барање разрешени се 2(двајца) судии  поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено се одалечени од вршење на судиската функција и
по 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е одалечен од вршење на судиската функција.

– Формирани се комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. За вршител на должноста претседател на Управен суд е определена  Ељмедине Асани, судија на Управниот суд, се вели во соопштението од Судскиот совет.

На денешната седница, исто така, биле разгледани и усвоени извештаите на судовите во Република Северна Македонија, за првото тромесечие за 2021 година, како и записниците од 371-та, 373-та и 374-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Next Post

Белгија не исклучува задолжителна вакцинација за здравствениот персонал во иднина

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Само Унгарија не поддржа соопштение на Делегацијата на ЕУ во Србија по повод годишнината од падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Сè што треба да знаете за времето на гласање и затворањето на местата

November 2, 2025

Во вториот круг се гласа за градоначалници во 32 општини и Градот Скопје

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk