ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изгласан законот за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола

July 15, 2021 18:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието попладнево го донесе Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Законот, предложен од група пратеници, треба да се овозможи реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер,  за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за  државата.

Во текот на расправата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски побара законот да биде повлечен, затоа што смета дека во него треба да се подобрат многу работи и оти со ваква содржина ќе предизвика многу проблеми при реализацијата на проектите.

-Ова е зкон кој ќе чини стотици и стотици милиони евра, ваквиот закон ќе има многу проблеми, како во администрацијата при решавање на тековните работи. Ако е стратешки договор, зошто нема меѓународен договор меѓу две земји, иако постои меморандум за соработка, праша Мислајловски.

Тој посочи дека во законот не пишува по кои стандарди ќе се реализира овој проект и оти пишува „со уникатен начин на градење“.

-Кој е тој уникатен начин, треба да се објасни бидејќи после институциите ќе се соочат со проблеми. Нема ништо во законот, како ќе се изберат подизведувачите, колку проценти ќе бидат македонски работници, рече Мисјаловски.

Пратеникот од ДУИ Кастриот Реџепи, како еден од предлачите на овој закон, смета дека сите заедно треба да ги поддржат овие проекти гласајќи го предлог законот.

-Поткрепете гласајќи го овој проект од кој ќе има придобивка целата земја и граѓаните. Се работи за инфраструктурен Коридор 8, многу од нас патуваат тука, и знаат колку е значајно и колку е добар овој проект, од таа причина да не оставаме сомнеж да го поктрепиме да почне реализацијата, додаде Реџепи.

извор: МИА
Next Post

Извештај на ОН: Северна Македонија постигна значајни резултати за животната средина

НАЈНОВО

ФФМ. Фото: Б. Јордановска

ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

October 30, 2025
Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk