ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АХВ ќе ја унапредува соработката со Србија на полето на безбедноста на храната

July 16, 2021 19:12
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска одржа работен состанок со директорката на Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград, Република Србија Весна Ж. Ѓорѓевиќ и генералниот директор на компанијата за производство на месни производи „Златиборац“ Душан Кнежевиќ, како претставник на српската месна индустрија.

Целта, како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, е унапредување на соработката во делот на лабораториските анализи од областа на безбедност на храната и подобрување на трговската размена на македонските и српските месни производи.

На состанокот, како што се наведува, се разменија податоци за условите за трговска размена на производи од месо меѓу двете земји, за трендовите и лабораториските методи поврзани со проверка на квалитетот и безбедноста на производите од месо и барањата во националните законодавства од областа на безбедноста на храната на двете држави.

Првите луѓе на двете институции на состанокот договорија наскоро да се потпише меморандум за соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за хигиена и технологија на месо од Белград.

-Со меморандумот ќе бидат прецизирани активностите за размена на податоци, знаење во однос на научните и техничките достигнувања, лабораториските анализи, во насока на зајакнување на системите за контрола и стручна соработка од областа на безбедноста на храната, стои во соопштението.

На средбата, како што се наведува во соопштението, беше заклучено дека унапредувањето на статусот на здравствената заштита на животните на двете земји и поддршката на месната индустрија е од исклучително значење за пласман на производите од месо на пазарите на Европската Унија и пошироко.

извор: МИА

Next Post

Хоџа: Нема да дозволам политиката да се меша во земјоделството

НАЈНОВО

До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот

Нетанјаху: Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа – во Рафа и Кан Јунис

November 2, 2025

ЗНМ: Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk