ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоџа: Нема да дозволам политиката да се меша во земјоделството

July 16, 2021 19:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нема да дозволам политички цели да навлегуваат во делот на земјоделството. Секогаш кога луѓето што протестираат се во право или има врска со земјоделството јас сум спремен да седнам и да разговарам за да изнајдеме решение, порача вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

-Тоа и го правев со истите не повеќе од 100-тина луѓе што денеска протестираа во Прилеп. Мене ми е жал што некоја политичка партија сака да ги злоупотребува и само апелирам да не дозволат да бидат злоупотребувани од политичките партии. Што и да има во делот на земјоделството Министерството е отворено и таму е местото каде треба да се одвива дијалог и да се решаваат проблемите, рече  Хоџа во интервју за ТВ Канал 5.

Нагласи дека за него е разбирливо да излезат да протестираат сточарите кои не ги добиле субвенциите иако, како што рече, и за тоа има одговор, но не и кога нема никаква допирна точка со делот на земјоделството.

За зелената такса што се планира да биде воведена за горивата, министерот Хоџа рече дека нема врска со земјоделството.

-Таа такса е за целото општество и е за делот на климатските промени и за она што се стремиме сите како што се ЕУ политиките. Што се однесува во делот на земјоделството ние веќе ја даваме таканаречената зелена нафта, односно субвенционираме нафта за земјоделците. Кажавме дека до крајот на мандатот ќе успееме 100 отсто да субвенционираме. Почнавме со 30 отсто, а сега е 40 или 50 отсто, рече Хоџа и додаде дека наскоро ќе биде објавен повикот за годинава од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

извор: МИА

Next Post

Кокаин вреден 225 милиони евра е запленет во Холандија

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk