Според советничката од „Левица“ во Град Скопје, Драгана Велковска, исто е градењето на споменици и улици. Таа вели дека не постои никаква разлика помеѓу претходното и сегашното владејачко мнозинство, зашто едните граделе споменици а другиот улици.
„Тоа што го прави сега градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и владеачкото мнозинство всушност е пандан на тоа што го правеше претходното владејачко мнозинство, тие градеа споменици овој градат улици, нема никаква разлика“, вели во изјавата советничката од „Левица“, Драгана Велковска.