Владиката Петар, алката што ги обединува Каракачановци од Битола („Културен Центар Иван Михајлов“) и Мицковски: „Кој како сака нека не нарекува“, се наведува во објавата со видео-миксот споделена на фејсбук страницата Сеир.
Лукаревска, вечерва учествуваше на граѓанска трибина организирана од Форумот на жени на СДСМ Куманово, на тема предизвиците на жена претприемач, соопштуваат од СДСМ. Откако СДСМ е на власт се забележува сериозен ангажман и резултати на полето на родовата еднаквост. Не можеме да имаме еднаквост во општеството ако немаме родова еднаквост, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која знае само да граба од граѓаните, да ги краде парите и да ги троши на непродуктивни и криминални проекти, велат од СДСМ. Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски која денеска лаже дека ќе враќа пари кај граѓани, се противеше на секоја мерка што обезбедува повеќе пари во семејствата.
МП Маричиќ ќе ги каже деталите затоа што меѓу СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, АА-ААА има договор сега со малите партии за отворени листи. Не е тоа официјализирано затоа што треба да биде официјално кога најголемите баратели а тоа беа малите политички партии ќе бидат океј задоволни со ваквото унапредување на демократските модели.
М. М