ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протест за социјална правда: Имаме право на достоинствен живот

July 20, 2021 22:45
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Владата до Собранието со протестен марш, Коалицијата „Менуваме“, изрази револт за неправдите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Време е, истакнаа учесниците на протестот, да бидеме прифатени онакви какви сме, различни но еднакви.

– Дел од од нашите барања се веднаш сега, Владата на Република Северна Македонија додатокот што ни следува од 7.100 да се покачи на 12.000 денари. И во следните две години истиот додаток за попреченост да ја достигне минималната плата во државата. Бараме изедначување на родителските, односно згрижувачките права, за родителите на деца со посебни потреби. Бараме права за асистените на лицата со попреченост, рече  претседателот на Коалицијата „Менуваме“, Суаред Алиша.

Тој наведе дека бараат да се отстрани старосната граница за ортопетските помагала. Побара на товар на Фондот да бидат ставени белите стапови, кои го користат слепите лица, како и мерачите на притисок и на шеќер.

– Сакам да ја демантирам министерката Шахпаска, бидејќи ние никаде во нашите барања не зборуваме за инклузивност, не зборуваме за никаква програма, туку нашите цели се јасни, се базираат врз база на системски законски и подзаконски акти кои што треба државата да ги надополни, рече Алиша.

Тој потенцираше дека излегле на протест да ги побараат нивните права, кои како лица со попреченост треба да ги уживаат.

Посочи дека нивните барања утре ќе бидат доставени во Владата, а од оттаму ќе заминат во „Жена парк“ да кампуваат. Исто така, додаде, дека ќе блокираат и сообраќајни коловози и автопатишта.

– Ние ја запознавме меѓународната јавност, односно сите амбасади во нашата држава, затоа што сакаме навистина да дадеме силен придонес за сегашните и идните генерации. Во земјава има 120.000 лица со попреченост, кои имаат некаков хендикеп, нагласи Алиша.

Имено, по најавата за денешниот протест, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека инклузијата на лицата со попреченост е нивен врвен приоритет.

– Само во изминатите десет месеци Министерството за труд и социјална политика, преку законски измени, ја намали возрасната граница за стекнување на правото на личен асистент од 18 на 6 годишна возраст. Тоа значи дека секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете ќе може да добие личен асистент, со што го поттикнуваме личниот и образованиот  развој на децата и им помагаме на родителите во секојдневната грижа за нив, наведоа од МТСП.

Од Министерството додадоа дека мината недела беше промовирана апликацијата за слепи лица – Аудио читач која беше подготвена во тесна соработка со Националниот сојуз на слепи лица.

Министерството за труд и социјална политика, како што истакнаа, работи и на имплементација на Меѓународната класификација на функционалност која ќе овозможи сеопфатен преглед на можностите и способностите на секое дете со попреченост, како и на потребната социјална, образовна или друг вид на поддршка за унапредување на целокупниот развој на личноста.

– Врвен приоритет за вклучување на лицата со попреченост во општествените текови на животот МТСП е и инклузивноста уште од  предучилишното образование,  поради што само во текот на 2021 година, отворени се вкупно 13 градинки кои ги задоволуваат сите стандарди за физичка пристапност и престој на деца со попреченост. Во 24  општини во земјава во завршна фаза се подготовките за воспоставување на услугите помош и нега во домот, центри за дневен престој и услуга за рехабилитација и реинтеграција, наменети за 900 корисници. Наскоро ќе биде отворен и Центарот за одмена на семејната грижа во Демир Капија со капацитет од 250 корисници годишно,  во кој семејствата кои се грижат за членови со попреченост добиваат можност за одмор  во времетраење од 15 денови годишно, нагласија од МТСП.

Од Министерството посочија дека продолжува и процесот на деинституционализација.

– Во  текот на април беа формирани два дома за живеење со поддршка за девет поранешни корисници на Специјалниот завод Демир Капија, а во завршна фаза се подготовките за нови четири дома за живеење со поддршка за лица со интелектуална попреченост кои во моментов се сместени во институциите. Во март оваа година го отворивме Дневниот  центар за деца со попреченост од 14-26 години во  Топанско поле, а уште два Дневни центри во Делчево и Липково се во фаза на подготовка, наведоа од МТСП.

Next Post
Билјана Арсовска

Престани да си го носиш егото во теретана

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk