ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Советот за развој на пазарот на капитал фокусиран на Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари

July 21, 2021 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Подготовка на Стратегијата за развој на финансиските пазари со посебен осврт на пазарот на капитал, нови закони во областа на банкарството, осигурувањето, пазарот на капитал, платежните услуги, ревизијата, ќе бидат во фокусот на работењето на Советот за развој на пазарот на капитал со која претседава министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во Министерството за финансии денеска се одржа седница на Советот за развој на пазарот на капитал на која министерот за финансии најави дека Советот активно ќе продолжи со своите активности, а којшто поради ковид-кризата и посветеноста на изнаоѓање решенија за справување со кризата и одржување на економијата на задоволително ниво во изминатиот период не одржуваше седници.

– Мерките што ги презема Владата на Република Северна Македонија во доменот на пазарот на капитал не можат да ги решат сите проблеми пред кои сме исправени. Но се надевам дека со заеднички напори, преку меѓусебна размена на искуства и идеи, сите заеднички ќе дадеме придонес во изнаоѓањето на вистински решенија за натамошниот раст и развој на пазарот на капитал. Учесниците на пазарот како најзасегнати страни мора да дадат свој придонес во надминување на тековните состојби, рече минситерот Бесими.

Тој потенцира дека за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација, има потреба од изготвување Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари, со посебен осврт на пазарот на капитал, користење на меѓународното експертско искуство и практики во земјите со слично ниво на развиеност на финансиските пазари како нашата земја.

Бесими информира дека Министерството за финансии со цел да го стимулира економскиот раст, особено во фазата на опоравување на економијата од последиците предизвикани од пандемијата на вирусот COVID-19 е во процес на планирање на начинот и условите за воспоставување фондови за развој кои се во насока на олеснување на пристапот до финансиски средства за компаниите во државава.

Главниот фокус е во изнаоѓање  начини за создавање извори на средства за малите и средни компании, за стратешки и зелени инвестиции кои се двигател на економскиот раст и генератор на нови работни места. Овие нови извори на средства треба да го поддржат економскиот раст без дополнително зголемување на дефицитот, туку со воспоставување  фондови кои ќе соберат капитал од реномирани приватни инвеститори и меѓународни финансиски институции.

Од Министерството за финансии информираат дека Советот на седницата се осврнал и на актуелното прашање  во последниот период околу виртуелните средства и нивото регулирање.

Некои држави донесоа законски решенија за регулирање на виртуелните средства, се со цел да привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иновативната технологија врз основа на која се создадени овие средства. Во Република Северна Македонија првпат со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се среќаваат виртуелните средства само од аспект на активности поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам.

Советот за развој на пазарот на капитал ја следи состојбата на пазарот на капитал и предлага мерки за обезбедување на негов континуиран раст и развој.  Го сочинуваат министерот за финансии Фатмир Бесими, кој е и претседател на Советот, а членови се претставници на Министерството за економија, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Македонска берза АД Скопје, Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје, Македонска банкарска асоцијација – Скопје, како и претставници од друштвата за управување со инвестициски фондови,  од пензиските друштва и претставник од големите трговски субјекти предложен од Стопанската комора на Македонија, Стопанска комора на северно-западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Царовска: Задоволни сме од процентот на вакцинирани вработени во училиштата, но значајно е тој да се зголеми

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: Достоинствен живот на возрасните, лицата со попреченост, ранливите категории граѓани на Скопје

October 14, 2025

„МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска во потесна селекција за Европските филмски награди

October 14, 2025

Фон дер Лајен: Путин може да се држи под контрола само со силно одвраќање

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk