ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обновена градинката и Дневниот центар за стари лица во Вевчани

July 23, 2021 16:44
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Вевчани ја реконструираше детската градинка „Планински свет“ и го реновираше Дневниот центар за стари изнемоштени лица и пензионери, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Проектот е спроведен од УНДП, во соработка со 24 општини. Според амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер која денеска го посети Вевчани, овие проекти се резултат на споделувањето на идеи и приоритети за локалниот развој од страна на граѓаните, преку Форумите во заедницата.

– Како и во Вевчани, често гледаме како граѓаните преку овие проекти ги приоретизираат потребите на оние граѓани на кои им е потребна дополнителна грижа и внимание, од децата и старите лица до лицата со попреченост. Дополнително, преку овие проекти помогнавме да се подобрат општинските услуги во областа на образованието, животната средина, културата, водоснабдувањето, комуналните услуги и урбанистичкото планирање, истакна Сибил Зутер.

Сашко Јанкоски, градоначалникот на Општина Вевчани, денеска рече дека од особено значење е што во рамки на овој проект се реализираа два приоритетни проекти предложени и избрани од самите граѓани на Вевчани, преку форумите во заедницата.

-Проектот „Адаптација и пренамена на простории во детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет“ кој вклучуваше замена на електричната инсталација, спуштање на плафоните, опремување на засебен и соодветен простор за индивидуална работа на логопед како и целосно уредување на надворешниот простор за игра на деца со поставување на нови реквизити за игра, рече Јанкоски.

Како што додаде, проектот „Реновирање на дневниот центар за стари лица и пензионери“ е од особено значење за највозрасните во нашата општина, бидејќи ова е единствен простор каде тие можат  да го поминуваат своето слободно време и да се дружат.

 Со вкупно 3,5 милиони франци, Швајцарската влада го поддржува зајакнувањето на општинските совети во 24 општини низ земјата како тела кои се клучни за развојот на партиципативната демократија и транспарентното и отчетно работење на општините. 

Проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ го спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), во согласност со Програмата во земјата, меѓу кои е и зајакнувањето на локалниот развој и самоуправа.

Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women).

Next Post

Извештај на Стејт департментот: Владата продложува со мерките за подобрување на инвестициската клима, започнати голем број истраги поврзани со корупција

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk