Полицијата пресече меѓународен канал за трговија со дрога, при што во акцијата се уапсени пет лица од Гевгелија, Валандово и Струга, од кои двајца поранешни вработени во МВР, и е запленета дрога марихуана во вредност од околу 150.000 евра.
БРОЈКИ: Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот за 2021 година се планирани на ниво од 222,5 милијарди денари или се за 4,7 отсто повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот.
Премиерот Зоран Заев, денеска ќе се обрати по повод почетокот на изградба на браната на река Отиња, во Штип.
Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Северна Македонија и Португалија, беше посочено на синоќешната средба на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу во Лисабон, каде делегација од Министерството за одбрана (МО) и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета.
Втората по големина политичка сила во новиот состав на бугарското Национално собрание, ГЕРБ-СДС, соопшти дека одбива да учествува на денешните консултациите со претседателот Румен Радев.
Заврши реконструкцијата на објектите на полициското одделение во Ранковце и на полициската канцеларија во Старо Нагоричане, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на објектот во Старо Нагоричане.
Глобалниот пад на интернет-услугите ги направи недостапни Airbnb, UPS, PlayStation и други популарни веб-страници.
Американската министерка за финансии Џенет Јелен им порача на лидерите на Светска банка и другите развојни банки да смислат конкретни планови за мобилизирање на значително поголем капитал за борба против климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови.
На „Националниот стадион“ во Токио, денес со почеток во 13 часот по македонско време ќе започне Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020.
Пожар избувна во шпанско-барокната палата од 2,4 милиони долари во луксузната населба Гарденс во Њу Орлеанс, сопственост на познатата двојка Џеј Зи и Бијонсе.
J. Ѓ.





